ГРОМ, Интегра и ПЦЕР направија коалиција, нема да поддржат уставни промени

March 27, 2024
1 min read

Во коалиција „Храбро за Македонија“ за парламентарните избори денеска се здружија партитие Граѓанската опција за Македонија (ГРОМ), Интегра и Партијата за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР). Лидерот на ГРОМ Стевчо Јакимовски најави дека трите партии заедно ќе се борат против политиките кои и политичарите подготвени да предадат се само за да останат на власт, но и против оние спремни се да предадат но после изборите.

-Оваа коалиција се формира јасно да каже дека ниту притисоци, ниту уцени ниту уставни промени ќе поддржиме ниту пред ниту по избори. Остануваме цврсто на ставот за разрешување на оние проблеми кои вештачки ни се наметнуваат од страна на нашите партнери, рече Јакимовски.

Според него, клучно за коалицирање по изборите ќе биде неменување на Уставот, но и реформи во образованието, здравството, воспоставување квалитетна економска политика , подигање на нивото на социјална заштита за оние кои имаат функционална неспособност и реформа на државната администрација во која нема да биде дозволено некој да седи дома, а да зема плата.

Претставни се и носителите на листи. Носител во изборната единица еден ќе биде д-р Добрила Андоновска, специјалист за пластична хирургија, во изборна единица два носител на листата е професор д-р Љупчо Ристевски, во изборна единица 3 е Јордан Николов, доктор по ветеринарна медицина, во четвртата изборна единица носител е менаџерката Ружица Николова, во петтата изборна единица изборна петка носител е Самка Ибраимовски, економист и во шестата изборна единица носител на листата на коалицијата е електротехничарот од Гостивар, Зоран Софревски.

Извор: skopskoeho.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Алкалоид“ отвори светски погон за лекови, инвестицијата вреди 19,4 милиони евра

Следно

На британската армија ќе и снема муниција после 10 дена војна

Latest from Blog

Девет месеци по новиот предлог, законот никако да се донесе: Претседателката помилува, новите правила на чекање

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова, неодамна, на 2 Август – Илинден, помилува 25 осудени лица, но и годинава тоа беше направено врз основа на законските одредби донесени уште во 1993 година. Новите

Сити носи замена за Родри од Франција

Мароканскиот репрезентативец Ајуб Боудади ќе биде замената за легендарниот Родри во тимот на Манчестер Сити. Играчит на Лил, кој што е проценет на 100 милиони евра, летово ги промени националните бои и

Речиси 6 милиони денари промет: Макпетрол повторно во фокусот на инвеститорите

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 11.08.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.243,99 поени. Во однос
Go toTop