Рецепт за домашен багет кој ќе ве воодушеви: Крцкав однадвор, неодоливо мек одвнатре – Повкусен од купечкиот во продавница (РЕЦЕПТ)

March 26, 2024
1 min read

Ќе сакате да го правите секој ден. Вистинскиот македонски појадок е незамислив без парче леб или некој друг производ од тесто како пецива, пити и слично.

Многу луѓе не можат да одолеат на мирисот на свежо печен леб што се шири низ домот. Доколку сте љубител на француски багет, овој рецепт често ќе го правите.

Состојки:

500 гр глатко брашно

370 мл млака вода

1 лажичка сув квасец

1 лажичка сол

Подготовка:

Сувите состојки измешајте ги во сад, па постепено додавајте ја водата за да се замеси тестото. Кога ќе стане компактно, оставете го во сад да нарасне на топло место околу 45 минути. Покријте го садот со памучна крпа или фолија.

По 45 минути, тестото префрлете го на работната површина и со влажни раце замесете го кратко, па обликувајте го во јуфка и оставете го повторно да нарасне околу 45 минути. И овој пат покријте го со крпа.

Повторете ја истата постапка на работната површина три пати. Кога трипати ќе го замесите тестото, поделете го на четири дела. Секој дел од тестото нежно обликувајте го во јуфка, покријте сè и оставете уште 15 минути тестото да „одмори“.

Нежно истегнете го со прстите на површината во форма на правоаголник и свиткајте го до саканата должина. Секој багет префрлете го во плех и оставете да нарасне околу половина час пред да ги ставите во рерна. Пред да ги испечете багетите, засечете ги малку дијагонално.

Во рерна загреана на 250 степени ставете тава до половина наполнета со вода, па кога водата ќе почне да врие, ставете ја тавата со багетите врз неа и печете ги 20 минути на 220 степени. Благодарение на пареата што се шири од долната тава, багетите однадвор ќе бидат крцкави, а внатре меки и воздушести.

Пријатно!

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Суки Вотерхаус и Роберт Патинсон станаа родители

Следно

Тетово – сопственици на дуќани и куќи сѐ уште чекаат обештетување поради поплавите од пред две години

Latest from Blog

Кукуреља го убедувал Родри да потпише за Реал: „Се надевам дека нема да има успех во Барселона“

Шпанскиот репрезентативец Марк Кукуреља откри дека во текот на летниот преоден рок се обидел да го убеди својот сонародник Родри да се пресели во Реал Мадрид. Дефанзивецот на „кралевите“ во интервју за

Parashikimi i motit për ditën e nesërme

Instituti Hidrometeorologjik i Kosovës ka njoftuar se të enjten, në Kosovë do të mbajë mot me diell dhe vranësira të pjesshme. Sipas IHMK-së, temperaturat minimale do të lëvizin nga 2 deri në

Трамп го повика Путин на Флорида

Рубио ги даде овие забелешки по средбата со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на маргините на Генералното собрание на ОН во Њујорк. „За да се решат проблемите, мора да се
Go toTop