Гренел: Пукањњето во српските момчиња мора сите да го осудат

January 6, 2023
1 min read

Звонимир Стојановиќ, таткото на повредениот Милош, изјави дека не знае како се случил инцидентот, додавајќи дека наместо да слави Божиќ, сега стравува за животот на својот син, пренесува Косово онлајн

По повод денешното ранување на Стефан (11) и Милош (21) од Готовуша, во кои пукаше Албанец, инаку припадник на КБС, се огласи и поранешниот специјален пратеник на американскиот претседател Ричард Гренел.

„Сите мора да го осудат ова насилство“,

напиша Гренел на Твитер.

Звонимир Стојановиќ, таткото на повредениот Милош, изјави дека не знае како се случил инцидентот, додавајќи дека наместо да слави Божиќ, сега стравува за животот на својот син, пренесува Косово онлајн.

„Жал ми е што дојде до ова. Тешко е, наместо да бидеме дома на овој ден, ние сме тука во болницата каде што се грижиме за нивното здравје и живот. Не знам кого би осудил, но ова не функционира вака, навистина е тешко“,

изјави Звонимир.

Зорица Стојановиќ, мајката на ранетиот 11-годишен Стефан изјави дека не ги знае деталите од пукањето и дека е во шок.

„Што беа криви децата“,

низ солзи прашала Зорица.

Две српски момчиња, братучедите Стефан Стојановиќ (11) и Милош Стојановиќ (21) денеска беа ранети во Готовуша кај Штрпце кога без причина, локален Албанец, пукал во нив од возило во движење, соопшти Канцеларијата за Косово и Метохија на Владата на Србија.

Според соопштението, во моментот на нападот, децата се движеле покрај патот и носеле бадниково дрво кога напаѓачот отворил оган врз нив.

(ВИДЕО) Нов инцидент на Косово: Од возило во движење пукано во две момчиња во Готовуша додека носеле бадниково дрво

Косовската полиција соопшти дека привела осомничен за ранувањето на двете момчиња од српска националност врз кои беше пукано од возило во движење додека носеле бадниково дрво.

Како што се наведува во соопштението, „по интензивна истражна работа, подрачната полиција Урошевац собрала информации на терен, го идентификувала и потоа го уапсила осомничениот А.К на возраст од 33 години“.

Приведен напаѓачот на момчињата кај Штрпце, станува збор за припадник на КБС

Претседателката на Косово, Вјоса Османи, го осуди нападот врз српските момчиња во Штрпце, нагласувајќи дека нивното ранување е неприфатливо и дека сторителот на нападот мора да биде изведен пред лицето на правдата, јавуваат Репортери.

Претходно и косовскиот премиер, Албин Курти, го осуди ранувањето на двете момчиња во близина на Штрпце, велејќи дека осомничениот за нападот, кој беше приведен од косовската полиција, ќе се соочи со судските органи.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Борел: Примирјето што го објави Путин е лицемерно

Следно

ИСКОРИСТЕТЕ ГО СОНЦЕТО – ни доаѓа големо разочарување, подгответе се и за студ!

Latest from Blog

Фото: Најбараната манекенка има ново момче? Тој е 18 години постар од неа

Познатата манекенка од кланот Кардашијан – Џенер, атрактивната Кендал е една од омилените членови на семејството Кардашијан Џенер, веројатно поради нејзиниот пристап кон животот и работата. 30- годишната Кенедел, за разлика од

Видео: Принцезата Леонор од Шпанија го направи првиот независен воен лет

Принцезата Леонор од Шпанија го направи својот прв самостоен лет како дел од воената обука на Општата авијациска и вселенска академија (AGA) во Сан Хавиер, каде што веќе четири месеци е на теоретска и практична обука

Арсенал со минималец се врати на врвот

фото: Arsenal (X) Арсенал оствари нова победа во Премиер Лигата со 0:1 против екипата на Евертон во вечерашниот натпревар кој се одигра на „Гудисон Парк“. Со оваа победа „топџиите“ повторно го завзедоа

УХМР: Следната недела снег во Македонија

Стабилното и тивко време ќе продолжи до вторник, при што маглата ќе се задржува во котлините, проследена со зголемена облачност. Од вторник навечер се очекува промена на временските услови, со повремени локални
Go toTop