Потрес во израелскиот Воен кабинет поради несогласувањата меѓу Нетанјаху и Ганц

March 3, 2024
1 min read

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху му наложил на израелскиот амбасадор во Вашингтон да не му помага на членот на Воениот кабинет, Бени Ганц, за време на неговата посета на САД, затоа што, според него, ги крши владините прописи.

Нетанјаху, исто така, одби владата да го финансира патувањето на Ганц за Вашингтон, што се гледа како знак дека во Воениот кабинет има потреси од несогласувањата меѓу Нетанјаху и неговиот главен ривал, Ганц, поранешен началник на Генералштабот и министер за одбрана, пренесува Бета.

Ганц денеска отпатува за САД на разговари со американски официјални претставници како дел од, како што велат израелските медиуми, „неофицијалната посета“, за време на која ќе се сретне со американската потпретседателка,Камала Харис, и со советникот за безбедност на Белата куќа Џејк Саливан.

Американските медиуми го пренесува мислењето на неименуван израелски функционер дека противењето на Нетанјаху на посетата е знак за продлабочување на јазот во Воениот кабинет, по речиси пет месеци војна меѓу Израел и Хамас.

Ганц, лидерот на партијата Национално единство, се приклучи на екстремно десничарската влада на Нетанјаху на почетокот на војната, по нападот на Хамас на 7 октомври врз јужен Израел.

Тој патува за Вашингтон во време на длабоки несогласувања меѓу Нетанјаху и американскиот претседател Џо Бајден за тоа како да се олесни страдањето на Палестинците во Газа и да се создаде повоена визија за енклавата.

-Државата Израел има само еден премиер, изјавил Нетанјаху, наводно лут од посетата на Ганц на САД.

Кабинетот на премиерот не ја признава посетата како официјална бидејќи Нетанјаху не ја одобрил.

Ганц ќе се сретне и со членови на американскиот Конгрес и со претставници на Американско-израелскиот комитет за односи со јавноста (AIPAC), а на враќање ќе ја посети Велика Британија.

Израелските медиуми коментираат дека Ганц ќе ги посети САД во време кога оваа земја е незадоволна од однесувањето на Нетанјаху во војната и обвинувањата дека дејствува под притисок на двајца ултрадесничарски министри.

Целта на Ганц е да го зачува израелскиот легитимитет за копнени операции во Појасот Газа, меѓу другото, изјавија официјални лица блиски до него.

Тој, исто така, сака САД да го зголемат притисокот врз преговарачите да ги ослободат заложниците, да разговараат за идните договори за нормализација кои исто така ќе бидат дел од политичкиот план за слабеење на владеењето на Хамас и да се обезбеди американска помош за Израел, рекоа официјалните лица.

Извор: 24vesti.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

„Њујорк тајмс“: Израел го организирал конвојот со помош за Газа кога се убиени 118 Палестинци

Следно

ВМРО-ДПМНЕ: Маричиќ со службено возило на партиски работи, ДКСК да реагира

Latest from Blog

Николоски: Следува набавка на нови возови и најмалку пет електрични локомотиви

Министерството за транспорт започнува нова фаза во реформите на железничкиот сектор, откако денеска беше потпишан договор за грант во вредност од еден милион евра со Светска банка. Средствата се наменети за преструктурирање

СЕ ТРЕСЕШЕ ТЛОТО ВО ЗАПАДНИОТ ДЕЛ ОД ЗЕМЈАВА, еве каде е епицентарот

Според податоците со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, во 00 часот и 06 минути беше почувствуван земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Тетово-Гостивар, со Рихтерова локална магнитуда,

ВЛЕН: 24 месеци отчетност, реформи и конкретни резултати

ВЛЕН одбележа 24 месеци учество во Владата под мотото „Транспарентност и отчетност“, истакнувајќи дека изминатите две години се обележани со конкретни реформи, реализирани проекти и политики насочени кон подобрување на животот на
Go toTop