(ФОТОГАЛЕРИЈА) Стотици деца, свештеници и верници дел од бадниковите поворки во повеќе градови

January 6, 2023
1 min read

На децата кои беа дел од бадниковите поворки им беа поделени коледарски подароци

Коледари, пеејќи божиќни песни, утрово во пресрет на празникот Божиќ, во бадникови поворки ја најавија убавата вест за Христовото раѓање.

Најголемата бадникова манифестација се одржа во Скопје со празничен концерт на Градскиот плоштад „Македонија” каде што сите деца со нивните семејства беа пречекани со настапите на Антониа Гиговска, Ламбе Алабаковски, Златно славејче, Вера Милошевска, Димитар Андоновски, Стефан (Некст тајм) и Пере (Нокаут).

По концертот се оформи бадникова поворка што преку Камениот мост се упати кон Соборниот храм „Св. Климент Охридски“, каде што сите коледарчиња беа дочекани и дарувани од неговото блаженство, архиепископот охридски и македонски, г.г. Стефан.

Во Аеродром, бадниковата поворка беше пречекана пред општинската зграда каде градоначалникот Тимчо Муцунски на коледарите им подели коледарски подароци.

„Посакувам ваквото одбележување да прерасне во една убава традиција. Заедничка желба на сите нас е Бадник и Божиќ да донесат љубов, мир и разбирање“,

напиша градоначалникот Муцунски на својот инстаграм профил.

Бадникова поворка помина и во Општина Кисела Вода каде градоначалникот Орце Ѓорѓиевски им подели и коледарски пакетчиња на децата кои во огромен број ја пееја ,,Вечниот Бог”.

Пеејќи божиќни песни Бадникова поворка имаше и во Тетово. Стотици деца придружувани од свештени лица и верници поминаа по тетовските улици пеејќи ја „Вечниот Бог“.

Во пресрет на најголемиот православен празник Бадник, МПЦ заедно со свештениците од Кавадарци, организираа традиционална бадникова поворка на која учествуваа над 150 деца учесници придружувани од свештени лица.

Над 120 дечиња кои учествуваа во Бадниковата поворка, исполнувајќи ја Божиќната песна „Вечниот Бог“ продефилираа и низ кочанските улици. Поворката беше примена од градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов, кој им подари коледарски пакетчиња.

Свечени бадникови поворки со стотици деца се организираа и во останатите градови во државата.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Малото детско игралиште во Дебар Маало доби нова вештачка трева

Следно

Талибанците до принцот Хари: Kоментарите на принцот се микрокосмос на траумите што Авганистанците ги претрпеа

Latest from Blog

Барселона е сè повеќе загрижена за Јамал

Фото: Барселона/Твитер Барселона продолжува да има сериозна загриженост за тоа што се случуваше во последно време со големата ѕвезда на тимот, Ламине Јамал, се согласуваат каталонските „Мундо Депортиво“ и „Спорт“. Младиот суперталент

Зеленски: Подготвен сум за преговори, но нема да ги повлечеме трупите од нашата територија

Украина е подготвена за мировни преговори, но прво нема да ги повлече своите трупи од дополнителна територија како што бараше Москва, изјави претседателот Володимир Зеленски во понеделник. Во коментарите за новинарите објавени

Стаменкоска Трајкоска: Граѓаните на Кисела Вода избраа работа, резултати и визија

Бети Стаменкоска Трајкоска денес од Државната изборна комисија го прими Решението за градоначалник на Општина Кисела Вода. За мене ова решение е силна потврда за фактот дека граѓаните на Кисела Вода избраа

Министерка Божиновска: Енергетската транзиција бара храброст, визија и долгорочни одлуки

Енергетската транзиција не е само технолошки, туку и општествен процес што бара храброст да се променат навиките, бара визија за носење долгорочни одлуки и подготвеност да се инвестира во решенија што не
Go toTop