Ердоган: Туркије ќе ги користи сите расположиви средства да ги запре израелските напади на Газа и Кудс

February 24, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Туркије ќе ги користи сите расположиви средства да ги запре угнетувањето во Газа и вознемирувањата во Кудс (Ерусалим) од страна на Израел, рече вчера претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган, известува Анадолу.

„Ќе ги користиме сите расположиви средства, без исклучок, да го запреме угнетувањето во Газа и вознемирувањата во Кудс“, рече претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган на собирот во турската западна област Баликесир.

Тој додаде дека Туркије работи на обезбедување на колективни акции со земјите од светот против угнетувањата во Газа.

Зборувајќи за антитерористичките напори на Туркије, Ердоган рече дека Анкара ќе започне нови операции за да ги попречи и порази обидите за формирање терористичка држава наспроти нејзината јужна граница со Сирија.

„Со новите операции ќе продолжиме да го разбиваме проектот на воспоставување ‘терористан’ кој има за цел да ја опколи нашата земја од јужните граници“, истакна Ердоган.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Канада воведе санкции кон Русија поради нејзината инвазија на Украина

Следно

Денеска се навршуваат две години од почетокот на руската инвазија на Украина

Latest from Blog

Станарите од „Васко Карангелески“ покажаа како се гради култура за селекција на отпад

Станарите од зградите на улицата „Васко Карангелески“ бр.125, кај касарната во Прилеп, со сопствена иницијатива и креативна идеја го разубавија просторот пред нивната зграда и овозможија организирано контејнерско собирање на отпадот. Откако

Пресврт во случајот „Пулс“: Лиценцата од 2012 е издадена за друг објект, покажуваат доказите

На денешното рочиште за случајот „Пулс“, Јавното обвинителство продолжи со изведување на докази кои се однесуваат на постапките во Министерството за економија и Државниот пазарен инспекторат. Пред судот беа презентирани записници, барања,

Битола добива нов паркинг: Почнуваат работите на „Овчи пазар“

Од понеделник, 29 јуни 2026 година, ќе започнат подготвителните активности за изградба на паркинг просторот „Овчи пазар“, информира изведувачот на градежните работи. Проектот опфаќа изведба на коловоз, атмосферска канализација, улично осветлување и
Go toTop