Скопје повторно во десетката најзагадени, во Битола и Струмица престануваат да важат мерките

January 6, 2023
1 min read

Според платформата „Ај-кју ер“, во Скопје индексот на загаденост денеска во 11 часот е 178 и главниот град е на 9. позиција според листата на загадени градови во светот

Од денеска во Битола и Струмица престануваат да важат препораките и мерките за надминат праг на алармирање откако изминатите два дена овие градови имаа висок степен на загаденост.

„Согласно податоците од Државниот мониторинг систем за квалитет на амбиенталниот воздух на ден 5.01.2023 година, среднодневните концентрации на РМ10 суспендираните честички се под дефинираниот праг на алармирање од 150 мg/m3, и епизодата од два последователни дена е прекината во Битола и Струмица и престануваат да важат препораките и мерките за надминат праг на алармирање“,

соопштуваат од Министерството за животна средина и просторно планирање.

Во Скопје овие денови ситуацијата со загадувањето е алармантна. Според платформата „Ај-кју ер“, во Скопје индексот на загаденост денеска во 11 часот е 178. Во Скопје се измерени 106 микрограми на кубен метар ПМ 2,5 честички, а ПМ 10 честичките се со концентрација од 167.2 микрограми на кубен метар.  

Скопје денеска со овој степен на загаденост е на 9. позиција според листата на загадени градови во светот.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во 2022 година Грците први во Европа по онлајн купување од странство

Следно

Бадникарска поворка во Гази Баба: Стефковски и Алабаковски ги дочекаа коледарчињата

Latest from Blog

Заборавете на старото правило: Во маркетите цените се пониски отколку на пазар Заборавете на старото правило: Во маркетите цените се пониски отколку на пазар

Некогаш важеше непишаното правило дека овошјето и зеленчукот секогаш се купуваат на пазар бидејќи таму се најевтини. Денес, сликата е поинаква. Споредбата на цените покажува дека за голем број сезонски производи маркетите

22 пожари на отворен простор утрово

Вупно 22 пожари на отворен простор се регистрирани изутринава до 07:30 часот, од кои активни нема, под контрола нема, а 22 пожари се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи. ЦУК информира

Возиња конечно промовиран во Коло Коло

Голманот на репрезентацијата на Зеленортски острови, и сензацијата од последниот Мундијал во САД, Мексико и Канада, 40. годишниот Возиња конечно е промовиран како нов член на чилеанскиот тим на Коло Коло. Тој

ТЕЖОК УДАР: Путин потпиша закон насочен кон Руси во егзил осудени во отсуство

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша закон со кој се воведуваат широки финансиски, имотни и конзуларни ограничувања за Русите што живеат во странство, а се осудени во отсуство. Ова важи и за законот
Go toTop