Стоилковски: Ново бегство од затворот „Скопје”, мора ли крв да падне како во Идризово за одговорност на Тупанчевски и Андов „Сокол”?

January 30, 2023
1 min read

Уште еден затвореник му избега на „Сокол“ од затворот Скопје во Шуто Оризари. Второ бегство за две недели, ова денеска преку прес-конференција го истакна Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Пред два дена од затворот каде директор е Филип Андов Сокол, избегал Ариф Алили од Кичево. И Алили, најновиот бегалец од затворот под окото на Сокол, како и бегалецот од пред две недели бил дел од таканареченото „слободно одделение“. Ариф е еден од двајцата браќа Алили добро познати на кичевската јавност, уапсен во септември 2020, бил осуден на три години, по опсежна акција за апсење на нарко дилери, а од затворот Шутка бега на пет месеци пред истек на казната. Ова повеќе не може да се гледа како случајност, ова се системски пропусти, ако не и намерни системски пропусти. Ова повеќе не е држава, туку територија на мафијата, во којашто затвореници кога сакаат непречено излегуваат од затвор. Пред само две недели од Шутка си замина Нафи Абдиовски, затвореник со цел фотоалбум со цело СДС, власта му премолче на миленикот Сокол. Сега се случува уште едно бегство, а власта пак молчи и се крие. Уште колку затвореници треба да излезат од Шутка за да се побара одговорност? Мора ли крв да падне, како во Идризово, за да се реагира?, прашува Стоилковски.

Тој додава дека ваков дебакл нема никаде во светот, а СДС се уште си го чува Сокол за директор, а во затворската полиција луѓе коишто по наредба и по потреба ги обезбедуваат собирите на СДС.

-Затворите станаа решето, од нив бега секој што има врска со СДС, мафијата и нивните структури распоредени во затворската хиерархија. Потребни се оставки и одговорност и од миленикот на СДС, Филип Андов Сокол и од министерот за правда, Никола Тупанчевски. Ниту право, ниту правда, ниту систем има со СДС. Потребна е одговорност и таа ќе дојде по изборите, вели Стоилковски.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во тек изборот за екипаж за „Артемис 2“

Следно

РАСПИШАН КОНКУРС ЗА НЕОБЈАВЕН И НЕПОСТАВЕН ДРАМСКИ ТЕКСТ, НАЈДОБРИТЕ ТРИ ЌЕ ДОБИЈАТ ПО 120 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ

Latest from Blog

Утре на финалето: Борбени авиони Ф-16, снајперисти на стадионот, илјадници агенти на ФБИ

Соединетите Американски Држави ќе преземат посебни безбедносни мерки за заштита на Доналд Трамп за време на финалето на Светското првенство. Шпанија и Аргентина ќе се соочат во финалниот натпревар на турнирот утре

Секој ден се распаѓаат шест бракови во Македонија: Разводите растат, венчавките се поретки

Во 2025 година во Северна Македонија се регистрирани 2.185 разводи – за осум проценти повеќе од претходната година, додека бројот на склучени бракови продолжува да опаѓа. Статистиката отвора прашање дали семејството се
Go toTop