Папата повика на дијалог и мир помеѓу Израел и Палестинците

January 29, 2023
1 min read

Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск денеска го осуди растечкото насилство на Блискиот Исток и ги повика двете страни во израелско-палестинскиот конфликт „искрено да бараат мир“.

„Спиралата на смртта која се зголемува од ден на ден само ја затвора трошката доверба која постои меѓу два народа“,

рече Папата.

Папата апелираше за мир по двата вооружени напади во Источен Ерусалим во петокот и саботата, во кои загинаа седум лица, а петмина беа ранети, како и смртоносните судири на Западниот брег.

Од почетокот на оваа година во тие конфликти од израелски оган загинаа 32 Палестинци, многумина беа вооружени, но загинаа и цивили кои не беа вклучени во конфликтите.

„Од почетокот на годината, десетици Палестинци се убиени во судирите со израелската армија. Апелирам до двете влади и меѓународната заедница да најдат друг начин без одлагање, вклучувајќи дијалог и вистинска потрага по мир“,

кажа папата Франциск.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Бугарија е спремна за деескалација на односите со С Македонија, но под одредени услови – вели Милков

Следно

Oгнен Дранговски: Македонија со задоволство им ја отворала вратата на бугарските уметници, без сомнежи и со раширени раце, зошто тој молк колеги, соседи, пријатели?

Latest from Blog

Мерц: Израелските напади врз Либан го загрозуваат примирјето со Иран

Германскиот лидер изјави дека Берлин со голема загриженост ја следи ситуацијата на Блискиот Исток, откако САД и Иран претходно неделава се договорија за двонеделно примирје, јави ДПА. – Интензитетот со кој Израел

Претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај, и врачи Благодарница “Илинден“ на Марјана Дода, главен и одговорен уредник на “Аргументум.ал“ во Тирана

Благодарницата и беше доделена по повод 17-годишнината од формирањето на друштвото. „Ми претставуваше посебна чест, во име на Македонското друштво ‘Илинден’ – Тирана и Македонското национално малцинство во Република Албанија, лично да
Go toTop