Бугарија е спремна за деескалација на односите со С Македонија, но под одредени услови – вели Милков

January 29, 2023
2 mins read

Ние сакаме да бидат заштитени правата на Бугарите таму, се стремиме кон деескалација која ќе донесе подобра заштита на правата на Бугарите, но очекуваме конкретни чекори од С Македонија, рече бугарскиот технички министер за надворешни работи Николај Милков во гостување на БТВ

Најважниот услов за смирување на тензиите, според Милков, е внесување на Бугарите во македонскиот устав, но и гарантирање на слободата и безбедноста на бугарските државјани во С Македонија

Во гостувањето на БТВ, бугарскиот технички министер за надворешни работи Николај Милков кажа дека од македонска страна никој не се занимавал со заканите што Христијан Пендиков ги добивал на социјалните мрежи. Тој вели дека во Северна Македонија се води антибугарска пропаганда, па затоа Бугарите или треба да бидат замолчени и да не се занимаваат со својата дејност како членови на бугарските клубови или, пак, да бидат прогонети и да дојдат да живеат во Бугарија.

“Тоа е серизоен проблем. Наместо да се бараат напаѓачите, во полиција се испрашуваат активистите од клубовите и не знаат дали се повикани како обвинети или како сведоци на тоа што се случило во клубот”,

вели Милков.

Милков уште вели дека антибугарско расположение има и кај институциите, споменувајќи ја Комисијата за спречување и заштита од дискриминација. Воедно вели дека доколку не се заштитат правата на Бугарите, ќе има „бетонирање на репресијата”.

„Ние сме спремни за деескалација во односите под одредени услови. Враќање на ситуацијата од пред десет дена не нѐ задоволува. Конкретно, бараме заштита на правата на Бугарите таму – ако тоа не се постигне, бетонирање на репресијата”,

кажа Милков.

Тој кажа дека македонскиот министер за надворешни работи, Бујар Османи, со изјавата дека треба да прекинат инцидентите и говорот на омраза од двете страни, сакал да ги релативизира работите со случајот „Пендиков”, но вели самата изјава е признание дека овој инцидент бил од омраза. Воедно, тој вели дека не се согласува со ставот на македонскиот претседател Стево Пендаровски дека случајот со претепувањето на Пендиков се користи за внатрешнополитички цели во Бугарија.

“Добро е да се чека што ќе покаже истрагата за случајот Пендиков, но проблемот е што искуството во Бугарија покажало дека прекршоците од таков карактер во Северна Македонија останувале неказнети или неистражени”,

вели Милков.

Во однос на провокации од бугарска страна, Милков вели дека секогаш кога имало провокации од бугарска страна министерството реагирало, а за говорите на европратеникот Ангел Џамбаски и пратеникот во бугарското Собрание, Костадин Костадинов во Скопје, вели дека тоа не може да го коментира бидејќи немал информации што се случило бидејќи не бил таму.

„Не можеме да поддржиме такви изјави, затоа што не само што не водат до добрососедски односи туку ги зголемуваат тензиите во Северна Македонија кои се рефлектираат врз правата на Бугарите таму и повторно одиме во круг”,

истакна Милков.

За чествувањето на Гоце Делчев на 4 февруари, тој ја повика С Македонија да обезбеди мирно чествување бидејќи земјата има одговорност да го направи тоа.

“Во Скопје заминуваат министерот за внатрешни Иван Демерџиев и директорот на ДАНС, Пламен Тончев, кои ќе зборуваат за практичните чекори кои треба да се преземат, пред се, за чествувањето на 4 февруари”,

вели Милков.

Милков рече дека Бугарија има изградено консензус за тоа како да ги развива односите со Скопје, а според него, тоа нема да биде дел од изборната кампања што претстои во Бугарија.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Еве какво ќе биде времето оваа седмица (Фото)

Следно

Папата повика на дијалог и мир помеѓу Израел и Палестинците

Latest from Blog

Предложен притвор за лицето во кичевско кое со секира го убил својот татко, а и нанел тешки повреди на својата мајка

Основното јавно обвинителство Кичево поведе истражна постапка против едно лице осомничено за едно кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 2 и еден обид за убиство според истата правна

Македонија повторно во европската елита, обезбеди учество на континенталното првенство во ракомет во 2026

Ракометната репрезентација на Македонија триумираше над Литванија со 26:17 (13:11) во дуел од квалификаците за пласман на Европското првенство во 2026 година. По победата пред полни трибини во СЦ „Јане Сандански“, Македонија

Кузмановски: Сакаме да сме пример за младите, како што за нас беа Кире, Столе, Жути

Капитенот Филип Кузмановски повторно ја водеше Македонија до нова победа во квалификациите, овој пат вредна за пласман на ново Европско првенство. „Навистина пред сè сакам да се заблагодарам на целата публика за

Дрво падна врз автомобил во Струмица

Вечерва околу 20 часот, дрво паднало врз автомобил во Струмица, на улицата Ванчо Китанов. Регирала и противпожарната служба, и за среќа нема повредени. „Вечерва (недела) 11.05.2025 година, околу 20.00 часот на ул.Ванчо

Шукова: Чиста животна средина, приоритет во програмата на СДСМ за локалните избори 

Животната средина треба да ја гледаме како предност, не како трошок, тоа е еден од секторите кои исто така треба да го усогласиме со европските регулативи, порача потпретседателката на Социјалдемократскиот сојуз на
Go toTop