Ахмети: Уставните измени мора да се направат

January 27, 2023
1 min read

Уставните измени мора да се направат бидејќи ни го отвораат патот кон ЕУ, истакна лидерот на ДУИ Али Ахмети на средбите во Тетово со претставници на бизнис секторот, граѓанскиот и образовниот сектор, како и интелектуалци, во рамки на активностите под мотото „Заедно за Европа“.

Ахмети очекува уставните измени да се направат за два-три месеци, но, како што нагласи, тие мора да се случат, бидејќи тоа е во интерес на граѓаните на оваа држава.

– Уставните измени отвораат можност за успешен почеток за отворањето на преговорите и првото поглавје за членство во ЕУ. И овој ден не е далеку бидејќи во ноември ќе се одржи средбата на двете влади, таа на Европа и нашата земја. Но, уставните измени мора да се направат бидејќи тоа е задолжителен респектабилен договор. Ова ќе се случи за два-три месеци, но мора да се случи, бидејќи тоа е во интерес на граѓаните на оваа држава. Тоа е заедничка мисија на сите нас бидејќи доброто што ќе дојде нема да дојде само за Албанците туку за сите граѓани, рече Ахмети.

Уште една работа која е неопходна, според лидерот на ДУИ, е ветингот.

– Мора да направиме ветинг, почнувајќи од политичарите, извршната власт, градоначалниците бидејќи тоа е за доброто на државата. Оваа проверка треба да ја направат странски специјалисти, бидејќи кредибилитетот може да се оспори. Потребно ни е проверено судство и политичар за да се има доверба во развојот на процесот, рече Ахмети.

За една земја, како што посочи, многу се важни два пата, да се тргне по патот на случувањата и политичките процеси, стабилноста и безбедноста.

– Кои беа параметрите што требаше да се имплементираат за да се има трајна безбедност и стабилност? Тоа беше Охридскиот рамковен договор. Без негова имплементација и довршување сигурно ќе недостигаше безбедноста или ќе беше повредена стабилноста. Но, за безбедност и стабилност мораше да се затвори проблемот со грчката страна. Решението на овој проблем ја направи земјата членка на НАТО, рече Ахмети, додавајќи оти со влегувањето во Алијансата и со членството во ЕУ ќе се зголемат и странските инвестиции.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

НАЈМАЛКУ СЕДУМ МРТВИ – терористички напад во Ерусалим, од видеото нема да ви биде добро (ВОЗНЕМИРУВАЧКИ СЦЕНИ)

Следно

Ковачевски и Донев зборувале и за санкционирање на секој што ќе ги наруши мирот и безбедноста на 4 февруари

Latest from Blog

ФФМ и Адидас со нов дрес за репрезентацијата – спој на стил и национална гордост

Фудбалска федерација на Македонија официјално го промовираше новиот дрес на македонската фудбалска репрезентација, кој носи силна симболика поврзана со националниот идентитет, гордоста и заедништвото. Од Федерацијата истакнуваат дека секој детал од дизајнот

Проданоски: Работниците се движечка сила на развојот на Прилеп

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, упати честитка до граѓаните по повод Меѓународниот ден на трудот – Први Мај, истакнувајќи дека овој празник е симбол на достоинството, правата и придонесот на работниците

Сообраќајот на патиштата се одвива непречено, по суви коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за

Уапсен е педофил, кој 37 години се криел на Филипините- киднапирал и силувал 7- годишно девојче

13-тиот окружен суд во округот Хилсборо, Флорида, издаде налог за апсење на Талмаџ во март 2025 година, според соопштението за медиумите од Филипинското биро за имиграција (BI) и онлајн записите добиени од
Go toTop