Ѓоковиќ вели дека снимката на која се појавува неговиот татко била погрешно протолкувана

January 27, 2023
1 min read

Тенисерот додава дека неговото семејство никогаш не би поддржало какво било насилство или војна

Според тенисерот Новак Ѓоковиќ, снимката на која се гледа како неговиот татко Срѓан Ѓоковиќ позира со навивачите кои го држеа руското знаме е „погрешно протолкувана“. На таа снимка, додава Ѓоковиќ, неговиот татко само кажал „на здравје“, а се останато, според него, е лоша интерпретација на настанот.

„Видов како што сите други видоа што се случи и штета е што погрешното толкување на она што се случи ескалира на толку високо ниво“,

изјави Ѓоковиќ.

Тенисерот, како што јавија српските медиуми, дополнително изјавил оти неговиот татко ги поздравувал навивачите пред арената „Род Лејвер“ по секој натпревар што го играл за да им се заблагодари за поддршката.

„Се надевам дека луѓето ќе разберат дека немаше намера да се поддржат какви било воени иницијативи“,

изјави Ѓоковиќ и додаде дека неговото семејство никогаш не би поддржало какво било насилство или војна.

Срѓан Ѓоковиќ од дома го следеше мечот на својот син Новак Ѓоковиќ на тенискиот Грен слем турнир Австралија опен, откако претходно на социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како тој на Австралија опен позира со навивачите кои носеа руски знамиња и симболот „З“ кој ја претставува руската инвазија на Украина.

Тој потоа изјави оти немал намера да предизвика какви било немири, туку да го поддржи својот син.

„Бев излезен со навивачите на Новак како што правев после сите натпревари на мојот син за да ги прославам неговите победи и да се фотографирам со нив. Немав намера да бидам вклучен во ова. Моето семејство живееше низ ужасите на војната, а ние само сакаме мир“,

изјави таткото на тенисерот.

Австралискиот премиер Ентони Албанес, каде се одржува тенискиот турнир, утринава ја повтори силната поддршка на Австралија за Украина и ги критикуваше поддржувачите на руската инвазија откако на социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како таткото на српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ на Австралија опен позира со навивачите кои носеа руски симболи и знамиња.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Вечерва во 360° – интервју со премиерот: Влегува ли Алијанса и си оди (останува) ли Алтернатива?

Следно

СЗО објави публикација со листа на лекови кои треба да се подготват во случај на нуклеарен напад

Latest from Blog

Божиновска: „Македонски рубин“ добива заштита, контрола и систем за препознатливост

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја заокружува клучната институционална фаза од процесот на заштита и афирмација на „Македонски рубин“ – од иницијативата покрената во 2025 година, преку изработка на Елаборат

Тоневски: Мала Богородица е празник кој со посебна почит се одбележува во Лесново

Градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски, упати честитка по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица – Мала Богородица, кој со посебна почит и традиција се одбележува во Лесново. Во рамки на празничните

Коњановски: Новата еко училница е пример како училиштата можат да создаваат поинаква средина за учење

Земјоделското училиште „Кузман Шапкарев“ денес го претстави успешно реализираниот проект „Зелена еко училница“, проект поддржан преку програмата „Апшифт“ за подобрување на училишната средина, а реализиран од колективот и учениците. Градоначалникот на Битола
Go toTop