Драчево ќе добие современ рекреативен спортски центар

January 26, 2023
1 min read

На местото на некогашната депонија во Драчево ќе никне модерен спортско-рекреативен центар.

Новиот спортски рекреативен центар на 7500m2 во месноста викана Оксиген во Драчево, ќе го носи името на загинатиот бранител Теодор Стојановски-Тоше и ќе ја збогати рекреативната содржина на општината и обемот на зелените површини во градот.

-Како достојно место за одмор и рекреативно спортување, новиот простор ќе нуди бројни содржини распоредени на околу 7500 квадратни метри. Детското катче, пешачките патеки, скверот, летниковците, надополнети со фонтани, урбана опрема и многу зеленило кое ќе се одржува преку систем за самонаводнување ќе го направат ова место привлечно за сите. Спортскот дух пак, ќе може да се развива на новите современи спортските игралишта за фудбал, за баскет кои ќе бидат осветлени, а поставуваме и фитнес справи, рече денеска градоначалникот на Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски кој денеска изврши увид заедно со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. 

– И финално, овој комплекс кој очекуваме да биде новото збирно место за сите наши жители, но најмногу на оние кои живеат во околината, односно во Драчево, се одлучивме тој да носи и ново име и тоа да биде името на загинатиот бранител од втората пешадиска бригада, Теодор Стојановски-Тоше, кој потекнува токму од Драчево и е на иницијатива на неговото почитувано семејство и писмено барање од нашиот сограѓанин Деан Соколовски на кого му се заблагодарувам, додаде тој. 

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Гир: Изјавата на Џамбаски за Пендаровски е неприфатлива

Следно

Ковачки до Ковачевски: Дали знаете дека во вашиот партиски штаб се договараат бегствата на затворениците од затворите

Latest from Blog

Николоски: По Швајцарија, и Хрватска воведува долгорочни визи за возачи

Хрватска усвои закон со кој професионалните возачи ќе можат да добиваат долгорочни визи, потег што се оценува како големо олеснување за транспортниот сектор и за македонските возачи кои секојдневно работат на европските

ВЛЕН: Ова не е грижа за студентите, туку обид за политички поени

ВЛЕН жестоко реагираше по протестите поврзани со барањето правосудниот испит да се полага и на албански јазик, обвинувајќи дека зад целата „врева“ не стои вистинска грижа за студентите, туку политичка борба за

Проданоски: Прилеп воведува системски пристап за решавање на сообраќајниот метеж

Прилеп започнува со конкретни чекори за решавање на сообраќајниот метеж на најкритичните крстосници во градот – „Кај Чумовчани“, „Кај Интернатот“ и „Нова автобуска“, каде што со години наназад граѓаните се соочуваат со

Артета: Мораме да почекаме што ќе се случи…

ФОТО:.facebook.com/Arsenal/ Микел Артета зборуваше по тесната победа на Арсенал од 1-0 над Барнли, што би можела да го направи неговиот тим шампион денес доколку Манчестер Сити киксне. Дури и ако „граѓаните“ успеат,

Трамп: Постои „многу добра шанса“ за договор со Иран, нападот одложен за преговори

Неговата изјава доаѓа во чувствителен момент, кратко по објавата дека планираната воена акција против Иран била ставена во мирување. Според Трамп, одлуката за одложување била донесена за да се остави простор за
Go toTop