Републиканците никако да се обединат: Ни по осми пат не го избраа Мекарти за претседател на Претставничкиот дом

January 5, 2023
1 min read

Мекарти најави дека не се откажува, а по осмиот неуспех, тој беше номиниран и по деветти пат

Кевин Мекарти / Фото: EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS

Ниту во осмиот круг од гласањето републиканските пратеници не се обединија да го изберат својот сопартиец Кевин Мекарти за претседател на Претставничкиот дом во американскиот Конгрес.

Откако вчера во шест круга не успеа да го добие потребниот број од 218 гласа, денеска во два обиди пропадна изборот. Во последниот, осми круг, Мекарти доби 201 глас. Демократот Хеким Џефрис, пак, доби 212 гласа. Дел од останатите номинирани, пак, добија значителен број помалку гласови.

По последниот неуспех, Мекарти беше номиниран и по деветти пат. Тој претходно изјави дека не се откажува и ќе се бори дури и ако не победи веднаш.

Во Претставничкиот дом, републиканците имаат мнозинство од 222 пратеници наспроти демократите кои имаат 212. Меѓутоа, група пратеници од мнозинството останува против Мекарти да биде нов претседател, но во моментов нема друг кандидат што би можел да освои доволен број гласови.

Сè додека не се избере претседател, Претставничкиот дом не може да функционира. Новите пратеници не може да дадат ниту заклетва, не може да се назначат претседатели на комисии, а ниту пак да се отворат истраги за администрацијата на претседателот Џо Бајден, кои републиканците ги најавуваа.

Претставничкиот дом со ваква ситуација се нема соочено еден век. Последен пат во 1923 година не бил избран претседател во прв круг. Најдолга постапка, пак, имало во 1856 година кога бил постигнат договор дури по два месеци и 133 круга гласање.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Презентацијата на Роналдо во Ал Наср ја следеа три милијарди луѓе, една третина повеќе од финалето на СП

Следно

Данилов: Украина не се се согласува на никакви разговори со Русија

Latest from Blog

Руски шпионски сателити ја снимале базата на „забранетиот остров“ – „АКО ГО НАПРАВАТ ТОА ТРИ ПАТИ, ЗНАЕМЕ ШТО СЛЕДИ!“

По обидот за ирански напад, Русија ја фотографирала базата на „забранетиот остров“ Диего Гарсија, кој се наоѓа на островите Чагос, јавуваат украинските разузнавачки служби, пишува The Telegraph. Вододимир Зеленски, претседателот на Украина,

Во Париз одбележани 95 години од смртта на д-р Атанас Коцарев, истакнат македонски онколог

Во организација на здружението „Заборавени Македонци“ од Париз и париската општина Бонди денеска на старите градски гробишта се одржала комеморација за истакнатиот македонски онколог и светски признат научник охриѓанецот д-р Анастас Коцарев

Алиу: Со законски измени ја враќаме одлуката за дарување органи кај граѓанинот

Министерот за здравство Азир Алиу преку својата последна колумна порачува дека претстојните законски измени во областа на трансплантацијата имаат за цел да ја вратат личната одлука таму каде што ѝ е местото
Go toTop