(ФОТО) И САД ќе испратат тенкови во Украина

January 25, 2023
1 min read

Бајден потенцираше дека помошта е наменета да ѝ се помогне на Украина и да ја одбрани својата земја, а не е офанзивна закана за Русија

Фото: EPA-EFE/SHAWN THEW

Откако Германија одлучи да испрати 14 тенка „леопартд“ за Украина, на ваков чекор се решија и САД. Американскиот претседател Џо Бајден денеска на прес-конференција најави дека ќе испратат 31 тенк „абрамс“ што, рече, е еквивалент на еден украинскиот баталјон.

„Министерот за одбрана Лојд Остин го препорача овој чекор бидејќи со тоа ќе се зајакне капацитетот на Украина да ја брани својата територија и да постигне стратешки цели“,

рече Бајден.

Тој кажа дека пред да се донесе одлуката, утрово за поддршка на Украина разговарал со германскиот канцелар Олаф Шолц, францускиот претседател Емануел Макрон, британскиот премиер Риши Сунак и италијанската премиерка Џорџа Мелони.

Тенкови „абрамс“ / Фото: EPA-EFE/VALDA KALNINA

Тенковите „абрамс“, како што посочи американскиот претседател, се најспособните тенкови во светот, но и исклучително сложени за ракување и одржување.

„На Украина и ги даваме деловите и опремата неопходни за ефикасно одржување на овие тенкови на бојното поле“,

рече Бајден.

За нивна испорака ќе биде потребно време, како што посочи, но нагласи оти САД ќе се погрижат украинските сили да бидат целосно подготвени да управуваат со тенковите.

Бајден потенцираше дека помошта е наменета да ѝ се помогне на Украина и да ја одбрани својата земја, а не е закана за Русија.

„Нема офанзивна закана за Русија. Доколку војниците се вратат во Русија, оваа војна би завршила уште денеска“,

рече Бајден.

Путин, посочи тој, очекувал поддршката на САД за Украина да опаѓа, но погреши.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Кабинетот на Пендаровски за Џамбаски: Ставовите на претседателот беа дадени по седница на СБ, надлежностите се кај Владата

Следно

Зеленски слави роденден – неговата сопруга со емотивна порака од која на многумина ќе им надојдат солзи, не си ист од минатата година (ФОТО)

Latest from Blog

Меџити: Околу еден милион евра инвестираме во базен за нашите деца во Чаир

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, денеска изврши увид во работите на новиот базен во училиштето „7 Март“. Тој посочи дека изградбата се одвива според планираната динамика и

Главниот ривал на Инфантино се откажува од трката за прв човек на ФИФА?

Виктор Монталијани, кој се споменуваше како еден од најсериозните потенцијални противкандидати на Џани Инфантино за претседателската функција во ФИФА, најверојатно нема да влезе во трката на изборниот конгрес закажан за 18 март.

Проданоски: Прекрасен подарок со искрена порака во пресрет на 11 Октомври

Во пресрет на 11 Октомври, ученици од текстилно-кожарската и шумарско-дрвопреработувачката струка при СОУ „Ѓорче Петров“ во Прилеп му подарија рачно изработено македонско знаме на градоначалникот Дејан Проданоски. Знамето е едно од трите
Go toTop