Шефот на набљудувачката делегација на изборите во Србија: Имаше ливчиња што се направени на фотокопир и на кои има печат

December 19, 2023
1 min read

Изборите во Србија не биле спроведени фер, а со гласовите било манипулирано, рече Штефан Шенах, шефто на делегацијата на Парламентарното собрание на Советот на Европа, која ги набљудуваше изборите во Србија, кој додаде дека сето ова е проблем за земја која сака да оди по демократски пат. 

Фото: Принтскрин

„Она што го видовме беше кампања во која доминираше претседателот. Тоа не е работа на претседателот. Претседателот е неутрална личност која треба да гарантира за земјата и за сите луѓе. Но, актуелниот претседател раководеше со изборите и беше кандидат на сите нивоа, без разлика дали тоа беше село или се работеше за целата република“,

изјави Сенах.

Сепак, нагласи дека делегацијата на Парламентарното собрание на Советот на Европа ги следела само парламентарните, а не и белградските избори.

„Ако мене ме прашате како политичар, сметам дека победата во Белград ѝ е украдена на опозицијата“,

додаде тој.

Според него, при пребројувањето на гласовите видел дека има ливчиња што се направени на фотокопир и на кои имало печат.

„Тоа треба да го истражи полицијата“,

посочи тој.

Запрашан за изјавата на Владимир Билчик од ЕП, кој ги следеше изборите и рече дека поминале без проблеми, Сенах вели дека партнерството и демократијата не се засноваат на убави зборови, туку на вистина.

„И вистината беше малку шокантна за она што се случуваше“,

рече Сенах.

Според извештајот на ОБСЕ/ОДИХР, во изборната кампања било забележано присуството на претседателот на државата, а имало и многубројни тврдења за заплашување и малтретирање граѓански активисти, борци за човекови права и новинари.

Германија оценува дека неправилностите што ги утврдиле меѓународните набљудувачи на парламентарните избори во Србија се неприфатливи за земја која претендира да ѝ се приклучи на Европската Унија.

Извор: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Приведен криминалец за издржување на затворска казна од три ипол години

Следно

Конечно заврши украсувањето на елката на градскиот плоштад

Latest from Blog

Околу 800.000 Либанци се вратија дома

„821.077 луѓе почнаа да се враќаат во своите домови“, се вели во соопштението на ОН, додавајќи дека повеќе од 360.000 остануваат раселени, вклучувајќи околу 26.000 во владини засолништа. Израел започна воздушни напади

Ќе има ли суша и во македонија, и дали постои закана од недостаток на струја

Додека Дунав, Сава и Драва бележат рекордно низок водостој, а некои европски земји се соочуваат со намалено производство на струја и проблеми во пловидбата, состојбата во Северна Македонија засега е стабилна анализа

Николоски од Ново Село: Инвестициите во инфраструктурата продолжуваат со силно темпо

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, порача дека Владата продолжува со реализација на значајни инфраструктурни проекти и подобрување на поврзаноста со македонската дијаспора. Тој информираше дека вечерва, на покана

Блумберг открива детали: Европејците и Русите тајно разговарале за мирот во Украина

Поранешни високи функционери од Обединетото Кралство, Франција и Германија се сретнаа тајно со неименуван поранешен функционер на Кремљ во Виена во јули за да разговараат за можни услови за мировни преговори за
Go toTop