Европски Сојуз за Промени: Стево Пендаровски на најнепожелен начин го заврши мандатот

December 19, 2023
1 min read

реклама


“Како што знаат граѓаните, претседателот Пендаровски отсекогаш се прикажувал како претседател на сите, но реално не направи многу за да го заслужи овој атрибут.”, велат од Европскиот сојуз за промени.

“Претседателот Пендаровски го слушнавме многупати како зборува за мултиетнички вредности, но кога требаше да докаже дека навистина верува во тие вредности, го докажа спротивното. Тој жестоко реагираше против химната на албанското знаме на албанските собири, дури не се двоумеше да ја нарече шовинистичка таквата акција, но никогаш не го слушнавме да реагира против каква било вистинска шовинистичка акција, како што се неодамнешните протести и отпорот за отворање на албанскиот паралелки во Општина Чашка.

реклама

Го слушнавме стотици пати како зборува против корупцијата, но неговиот молк и незаинтересираност за проширување на црната листа на функционери од Северна Македонија, особено неговиот указ за измените на Кривичниот законик, амнестија на криминалот и државната корупција, го натераа повеќе да наликува на неговиот претходник од претседател кој стои во првите редови во борбата против корупцијата.

Го слушнавме како зборува за демократски вредности и интеграција, но не го слушнавме да каже ниту збор за прашањето за опозиционерот во ДИК, што е фундаментално за слободни и демократски избори.

реклама

Тој молчеше и за скандалозниот извештај за напредокот на РСМ, како и за критиките на Европската комисија за злоупотреба на знамето на ЕУ, што доволно говори за интеграцијата на земјата во ЕУ.

Имаше многу зборови за правдата, но молчи за притисокот врз претседателот на Врховниот суд.

реклама

Она што тој им го должи на граѓаните за објаснување е дека плановите за враќање на Груевски му биле склопени во кабинетот и тоа тој го чувал и криел од граѓаните.

Дополнително, тој мора да го објасни и својот став против поддршката на Александар Вучиќ на изборите во Србија, што претставува исклучително голем проблем за Албанците во Северна Македонија.

Како заклучок, можеме да кажеме дека претседателот Пендаровски на крајот на мандатот беше претседател со добро спакувани изјави, но останува без резултати и не успеа во пракса. Ова е и причина Европскиот Сојуз за Промени да излезе со свој кандидат на претседателските избори, додека јасно знаеме зошто ДУИ продолжува да се крие зад кандидатот на СДСМ – јасно им е дека народот треба заедно да ги казни на избори.”

реклама

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Доњецк: Медицинските екипи ги евакуираат ранетите украински војници за време на интензивните судири

Следно

ИЗЛОЖБА ВО ЧИФТЕ АМАМ ЗА 110 ГОДИНИ ОД РАЃАЊЕТО НА ЛЕНА СТЕФАНОВА, ПРВАТА СЛИКАРКА ВО МАКЕДОНСКАТА СОВРЕМЕНА УМЕТНОСТ

Latest from Blog

Стоилковски: И покрај фаталните грешки, лекцијата во СДС не е научена

На телевизија Алфа во емисијата „Вечерното шоу на Богдан Илиевски“ гостуваше Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ кој дискутираше за евроинтегративниот пат на Македонија и блокадите од страна на Бугарија, се вели во соопштението

Проданоски: Засадени 6.000 дабови садници на Маркови Кули: Голема еколошка акција во Прилеп

Голема акција за пошумување беше реализирана на локалитетот Маркови Кули во Прилеп, каде во рамки на проект финансиран од Бирото за регионален развој беа засадени вкупно 6.000 садници на даб. Акцијата се

Велбек го „угаси“ Ливерпул

Во првиот дуел од денешната програма во Премиер лигата, тимот на Брајтон со двата гола на Дени Велбек на свој терен успеа да го победи со конечни 2:1, тимот на Ливерпул, и

Проданоски: Со 6.000 нови дабови садници ја зајакнуваме зелената иднина на Прилеп

Во рамки на проектот за пошумување на споменикот на природата „Маркови Кули“, денеска беа засадени 6.000 садници на даб на локалитетот над новите градски гробишта на патот кон Трескавец. Акцијата, која се
Go toTop