Театарот „Војдан Чернодрински“ од Прилеп со претставата „Дупло дно“ од Горан Стефановски вечерва гостува во Ниш

November 30, 2023
1 min read

Театарот „Војдан Чернодрински“ од Прилеп со претставата „Дупло дно“ од Горан Стефановски, во режија, дизајн на сцена и костими на Наташа Поплавска, на 30 ноември ќе гостува во Ниш, Србија, известија од НУЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп.

Во претставата играат Марија Спиркоска Илијеска, Даниела Иваноска, Димитар Ѓорѓиевски, Игор Трпчески, Зоран Иваноски и Михајло Миленкоски, додека во „Дупло дно бенд“ настапуваат Томе Темелкоски – гитара, звучни ефекти; Методија Костоски – клавијатури, звучни ефекти, бас гитара; Ана Митоска – пијано, ксилофон, вокал; и Филип Јездиќ – тапани, перкусии. Композитор на музиката е Ристо Вртев.

Горан Стефановски ја пишува драмата „Дупло дно“ во 1983 година нарекувајќи ја „пасија во три става и кода“ што наликува на музичката форма свита и во неа ги отвора проблемите на поединецот уметник, лудак и револуционер наспроти системот, отелотворен во ликот на министерот за култура.

Режисерката Наташа Поплавска во „Дупло дно“ од Горан Стефановски го отвора прашањето како уметничката стварност денес кореспондира со реалноста. Таа го прикажува лажниот ангажман на уметниците кои се борат за „уметничката слобода“, а всушност се борат за позиција на министри за култура со цел да ги задоволат своите лични интереси и заработки, така што чистата уметност станува памфлет за статус. Во целото лудило и безнадежност на постојано менување на власта и сквернавењето на хуманистичката линија кај уметникот, безнадежната балерина ја бара вистината за себе.

Поплавска го следи Стефановски во идејата дека само оној што ќе успее да се спои со своето дупло дно, може да создава вистинска уметност. Со својата режиска постапка таа се обидува да ја погледне драмата како реално шоу со музичка свита ставајќи ја актерската игра пред камери, додавајќи музичари раководени од композиторот Ристо Вртев.

Таа истовремено дава можна разрешница на расправијата помеѓу уметникот и власта со поништување на претходните системи и идеологии, оставајќи надеж за уметноста преку ликот на депресивната ќерка, балерината Кристина на која ѝ се отвора можност да прерасне во вистинска уметница. Единствено таа ја започнува позитивната промена со новата заклетва за уметникот кој не припаѓа никому и стои на работ на ништо, што воедно е и последната реч на Стефановски за позицијата на уметникот во општеството, посочуваат од НУЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

ВМРО-ДПМНЕ: Предизборен пакет за мито – Тренчевска: Ова се мерки поради енергетската и ценовната криза

Следно

(ВИДЕО) Вечерва на МРТ 1: Интервју со новиот шеф на американската дипломатија за Европа, Џејмс О’Брајан

Latest from Blog

Младите македонски едриличари до 14 години стекнаа драгоцено искуство на Светското првенство Оптимист 2025

Од 26ти Јуни до 6ти Јули 2025 година, во Порторож, Словенија, се одржа Светското првенство во едрење во класата Оптимист, кое собра над 280 млади натпреварувачи од 64 држави. Македонија настапи со

Американскиот претставник ги повика ПКК/ЈПГ брзо да се интегрираат за да се избегнат проблеми со Турција и Сирија

– Шерифе Четин Амбасадорот на САД во Анкара и специјален претставник за Сирија, Том Барак, предупреди дека ако терористичката организација ПКК/ЈПГ не го забрза процесот на интеграција, ќе наиде на проблеми со

СО НАД 240 ИЛЈАДИ ЕВРА, ОХРИДСКИОТ ЗАВОД И МУЗЕЈ ГО САНИРАШЕ ЗАЛИВОТ НА КОСКИТЕ ШТО СО ГОДИНИ БЕШЕ ГОДИНИ ЗАПУШТЕН

После години запуштеност и неодржуваност, саниран е Музејот на вода во Заливот на коските кај Градиште, еден од најатрактивните и најпосетени локалитети во Охрид. Станува збор за санација за која беа потрошени

Мицкоски не го осуди тепањето на Данела

Премиерот Христијан Мицкоски не го осуди тепањето на скопската градоначалничка Данела Арсовска, а институциите ги повика да постапуваат и да го решат инцидентот кој се случи вчера во Чаир.  „Државата има институции,
Go toTop