(ВИДЕО) Ново издание на 360°: Зошто не беше разрешен судијата Енвер Беџети и зошто „падна“ обвинителката Вилма Русковска

November 28, 2023
1 min read

Погледнете го новото издание на емисијата „360 степени”, емитувано на 27 ноември 2023 г. на МРТ 1, во кое гостуваат претседателот на Судски совет, Сашко Георгиев, и поранешната шефица на ОЈО ГОКК, Вилма Русковска

Во ова издание на „360 степени“ на МРТ 1, во посебни интервјуа, гостуваат претседателот на Судски совет, Сашко Георгиев, и поранешната шефица на ОЈО за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, која пред неколку дена беше разрешена од функцијата јавен обвинител.

Георгиев одговара на прашања зошто и во какви околности судијата во скопска апелација Енвер Беџети, кој девет месеци го држеше во фиока предметот за масовното незаконско прислушување „Таргет-Тврдина“, беше казнет само со 20% пониска плата во следните шест месеци, а не беше разрешен. Како ќе се постават членовите на Советот ако Оценската мисија на ЕУ препорача негово распуштање, зошто докрај не ја следеа ранг-листата при неодамнешниот избор на осум апелациски судии, точни ли се информациите за постоење иницијатива за разрешување на претседателката на Врховен суд, Беса Адеми, како ги оценува шесте месеци во кои е на чело на Судски совет – се, исто така, теми во интервјуто со Сашко Георгиев.

Вилма Русковска ја прашуваме – што ѝ пресуди и зошто нејзиното разрешување е редок пример на „консензус“ меѓу СДСМ, ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ, имала ли притисоци да ја запре истрагата во случајот со Драги Рашковски и од кои инстанци, каде се разминаа со Љубомир Јовески, дали треба да се смени начинот на избор на државниот обвинител, што мисли за работата на нејзиниот наследник во ОЈО ГОКК, Ислам Абази, дали во „Рекет“ отиде до крај во истражувањето на околностите и инволвирани…

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Врнежи од снег со послаб интензитет во Тетово и на Попова Шапка – во Гостивар, на Стража и Пресека врнежи од дожд и снег

Следно

Ивор Мицковски: Два милиони евра за драперии и светилките од чаршија

Latest from Blog

Видео-Тузла: Во пожар во Дом за пензионери загинаа 10 лица, меѓу повредените има и спасувачи

Во пожарот што синоќа зафати дел од Домот за пензионери во Тузла смртно настрадаа 10 лица, а меѓу повредените има и припадници на спасувачките екипи, посочуваат прелиминарните информации од Управата на полицијата

Северна Кореја е подготвена брзо да го спроведе својот седми нуклеарен тест

Северна Кореја е подготвена брзо да го спроведе својот седми нуклеарен тест, доколку врховниот лидер Ким Џонг Ун одлучи да го стори тоа, според извештајот на воената разузнавачка агенција на Јужна Кореја.

Северна Кореја е подготвена брзо да го спроведе својот седми нуклеарен тест

Северна Кореја е подготвена брзо да го спроведе својот седми нуклеарен тест, доколку врховниот лидер Ким Џонг Ун одлучи да го стори тоа, според извештајот на воената разузнавачка агенција на Јужна Кореја.
Go toTop