Патиштата меѓу селата во Голо Брдо се исчистија со булдожерот донација од македонската влада

November 27, 2023
1 min read

реклама


Снежните намети што деновиве го зафатија регионот на Голо Брдо предизвикаа прекин во сообраќајот, оставајќи отсечени повеќе села. Но, за разлика од минатите години, ситуацијата оваа година е поинаква и тоа благодарение на градежната машина за чистење на снегот, донација од македонската Влада, објави македонската амбасада во Тирана.

– Административната единица Требиште на чие чело е администраторот Едмонд Османи, го ставија во употреба булдожерот дониран од Владата на Република Северна Македонија и започнаа со расчистување на снежните наноси на патиштата меѓу селата, стои во објавата на амбасадата.

реклама

Премиерот Димитар Ковачевски на претставници на Требиште во август  освен градежната машина за чистење на снегот им донираше и светилки за улично осветлување, во вредност од милион денари.

Како што тогаш кажа  Ковачевски, со тоа се реализирало уште едно барање од заедничкиот договор на Македонците од оваа област со Владата и оти корист ќе имаат сите населени места.

реклама

Како што за МИА изјави Османи, со ангажирање на вработените во административната единица најпрво од големите наноси на снег исчистен е патот Требиште- граничен премин Џепиште, кај Дебар.

Потоа се продолжило со чистење на патиштата со кои другите населени места се поврзани со Требиште, седиште на административната единица.

реклама

Македонците во оваа област веќе три дена се без електрична енергија. 

реклама



VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Угина Флопи, последната жирафа во скопската Зоолошка градина

Следно

Потребни се осум гласа за разрешување судија, а во случајот со Енвер Беџети немаше – вели претседателот на Судски совет

Latest from Blog

Македонската амбасада во ОАЕ со ВАЖНИ информации за евакуацијата на македонските државјани во Бахреин и Кувајт

Македонската амбасада во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) вечерва излезе со известување со кое ги информира македонските државјани во Бахреин и Кувајт за времето и начинот на нивната евакуација. -Информација за македонските граѓани
Go toTop