„Би било добро жена да биде технички премиер“, вели Груби

November 27, 2023
1 min read

реклама


– Првиот Албанец премиер не беше условен со пржинската влада или техничката влада, туку тогашниот премиер Заев рече дека ќе се повлече од неговата позиција пред изборите за да овозможи фер политички натпревар. Пржинската влада е договор и непочитувањето на договори чинат мандати на политичките партии. И јас би предложил и би поддржал укинување на техничка влада, но тоа да почне да важи од следниот мандат и да продолжиме како сите нормални демократии, рече првиот вицепремиер Артан Груби на гостувањето во СТУДИО 10 на ТВ24.

Тој повтори дека нема да биде премиер во техничката влада, ниту ќе биде некој од актуелните министри од редовите на ДУИ. Подвлече дека точно знаат кој ќе биде, но оставаат тоа да го соопшти лидерот на ДУИ Али Ахмети по разговорите со коалициските партнери со кои треба да се договори и начинот на кој ќе настапат на следните избори.

реклама

-Би било добро да е дама, госпоѓа, па ќе видиме, може ќе се изненади јавноста пријатно, рече Груби, прашан дали за технички премиер може да очекуваме жена.

реклама



VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Семејствата на жртвите од авионската несреќа на летот MH370 покренаа судска постапка во Кина

Следно

Како Западот ја изгуби трката за артилериски гранати

Latest from Blog

Македонската амбасада во ОАЕ со ВАЖНИ информации за евакуацијата на македонските државјани во Бахреин и Кувајт

Македонската амбасада во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) вечерва излезе со известување со кое ги информира македонските државјани во Бахреин и Кувајт за времето и начинот на нивната евакуација. -Информација за македонските граѓани
Go toTop