Полицијата спасуваше тригодишно дете и тројца возрасни заглавени на жичарата на Водно (ВИДЕО)

November 25, 2023
1 min read

реклама


Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција, одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје и Единицата за брзо распоредување денеска (25.11.2023) спасија четири лица, меѓу кои едно дете и еден германски државјанин, кои беа заглавени на жичарата на Водно, поради лошите временски услови и снемувањето на електрична енергија на жичарата.

Првично е пријавено дека лицата биле заглавени во гондола на жичарата, но потоа дошла електрична енергија и лицата стигнале до врвот на Водно, но не постоела можност да се спуштат надолу поради невремето и немањето електрична енергија. Веднаш по добиената пријава околу 16 часот, полициски службеници од ЕИП и ЕБР преземаа активности за пронаоѓање и спасување на лицата, по што тие безбедно, во придружба на полициските службеници се спуштаат кон Скопје.

реклама

реклама



VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Тригодишно дете меѓу заглавените на жичарата на Водно, ги спасуваа полициски екипи

Следно

Пендаровски ја прогласи Дарја Ризова за „Најдобар млад уметник” за 2022 година

Latest from Blog

Македонската амбасада во ОАЕ со ВАЖНИ информации за евакуацијата на македонските државјани во Бахреин и Кувајт

Македонската амбасада во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) вечерва излезе со известување со кое ги информира македонските државјани во Бахреин и Кувајт за времето и начинот на нивната евакуација. -Информација за македонските граѓани
Go toTop