Османи: Специјалната поштенска марка „За луѓето се работи“ ќе сведочи за нашето Претседавање со ОБСЕ

November 18, 2023
1 min read

реклама


Претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи, Бујар Османи и директорката на Пошта на Северна Македонија, Бујаре Абази денес промовираа поштенска марка издадена по повод Претседавањето на Северна Македонија со најголемата регионална безбедносна организација во Европа, ОБСЕ. 

На свечената промоција, која се одржа во спортскиот центар „Борис Трајковски“ кој се подготвува да ги прими високите делегации на земјите-учеснички и партнери на ОБСЕ на Министерскиот совет која се одржа во присуство на Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски и странски амбасадори во државата. 

реклама

Министерот Османи истакна дека овој настан ќе биде круна на Претседавањето со ОБСЕ кое ја позиционираше земјата како еден од клучните играчи на меѓународната сцена.

„За сеќавањето од Претседавањето со ОБСЕ биде трајно, се погриживме и преку издавање на посебно издание на свечена поштенска марка. Оваа поштенска марка ќе биде редок пример во филателистичките колекции ширум светот и ќе остане да сведочи на едно време на значаен напредок на државата на меѓународен план”, истакна Османи на промоцијата. 

реклама

За луѓето се работи беше нашето мото и поттик во текот на изминатата година. Нашето Претседавање беше фокусирано на луѓето затоа што во свет во превирања, потребите и барањата на луѓето се секогаш на прво место.

„Оваа порака е аплицирана и на пригодната поштенска марка затоа што таа треба постојано да ги потсетува политичките лидери и меѓународните организации што е всушност целта на нивната работа”, рече Османи. 

реклама

Зборувајќи на промоцијата на поштенската марка, директорката на Пошта на Северна Македонија, Бујаре Абази, истакна дека преку поштенската марка не само што се претставува земјата, туку се испраќа и силна порака. 

„Подадената рака, хуманоста и заштитата на луѓето не познава граници и треба да биде во фокус на нашата работа”, рече Абази.

Се бројат часови до одржувањето на Министерскиот совет на ОБСЕ, кој од 29 ноември до 1 декември ќе се одржува во Скопје, рече Претседавачот Османи. 

„Наша задача е да се покажеме како добри домаќини и немам сомнеж дека ќе го поминеме и овој тест со највисоки оценки. Во однос на оценките за Претседавањето на нашата земја со ОБСЕ сигурен сум дека тоа ќе остане како печат кај нашите партнери и пријатели”, рече Османи. 

Министерскиот совет на ОБСЕ е најголемиот настан во историјата на Северна Македонија и по димензија и по значење за државата. На Министерскиот совет се очекува да присуствуваат 76 делегации на држави-учеснички и партнери на ОБСЕ претставени на ниво на министри за надворешни работи или повеќе од 1000 претставници на делегации.

реклама



VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Годишното Собрание на подмладокот на ЕПП во Македонија во организација на УМС е јасен сигнал за поддршката што ја добиваме од нашите сестрински партии

Следно

Протест во знак на поддршка на Палестина се одржа во Скопје

Latest from Blog

ВЛЕН: Владината коалиција е стабилна, продолжуваме со исполнување на ветувањата

Централното претседателство на ВЛЕН одржа редовна седница на која беа разгледани актуелните политички случувања и беа потврдени приоритетите на коалицијата за претстојниот период. Од ВЛЕН порачуваат дека остануваат посветени на реализацијата на

Славески: Електронското и мобилното банкарство на „АЛТА банка“ повторно се достапни

Клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола од денеска повторно можат да ги користат електронското и мобилното банкарство за плаќање сметки и други обврски, како и за располагање со своите средства, соопшти гувернерот

Претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана, Ѓурѓај се сретна со д-р Ѓорѓевиќ, претставничка на Европскиот центар за прашања на малцинствата

Разговор за правата на македонското национално малцинство во Албанија и можностите за унапредување на соработката меѓу Македонското друштво “Илинден“-Тирана и Европскиот центар за прашања на малцинствата. Во рамките на Дијалогот на Шлезвиг-Холштајн,

Божиновска: Со BAE Systems ја зајакнуваме заштитата на критичната енергетска инфраструктура

Воспоставувањето секторски Центар за безбедносни операции (SOC) и можностите за негово финансирање беа во фокусот на работниот состанок на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, со претставници на BAE
Go toTop