Тренчевска: Ги вклучуваме и мајката и таткото во грижата за децата

January 24, 2023
1 min read

„Јавните расправи за Законот за работни односи се во тек. Го менуваме досегашното породилно отсуство во три нови институти – мајчинство, татковство и родителство. Со ваквата измена овозможуваме еднакви можности на мајката и на таткото. Ги вклучуваме и мајката и таткото во грижата за децата“, информираше министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска во нејзиното гостување на емисијата „Што мисли народот“ на ТВ Стар – Штип.

Таа посочи дека ваквото отсуство мајката и таткото можат да го земат истовремено, комбинирано или последователно согласно нивните потреби. Министерката се осврна и на другите придобивки од новиот нацрт Закон за работни односи и истакна дека сега е предвидено промена нa времетраењето на договорите на определено време кое се намалува на 2 години како и промена на времетраењето на колективните договори. Тренчевска посочи дека целта на Јавните расправи е да се добие закон кој ќе одговара на сите договорни страни.

Министерката се осврна и на правата од детска и социјална заштита таа информираше дека правата ќе бидат покачени за 14.2% и рече дека ова е индексот на порастот на трошоците за живот според заводот за статистика. Додека во однос на финансиската помош таа посочи дека со тековниот пакет на антикризни мерки преку анализа се опфатени категориите кои се моментално најранливи во државата.

На крајот од гостувањето беше отворена и темата за највозрасните во државата.

„Основачи на домовите за стари лица се општините додека Министерството за труд и социјална политика преку програмата за капитални инвестиции ја финансира градбата и откако ќе се добие решението за работа преку блок дотации се исплаќаат платите на вработените во домовите. Општините преку проекти аплицираат до министерството, доколку проектите се усогласени со архитектите во министерството, стручните служби во општините како и критериумите од правилниците тогаш овие проекти влегуваат во планот за капитални инвестиции“ рече Тренчевска.

Таа ја посочи и услугата за помош и нега во домот која се спроведува во 34 општини преку провајдери. Министерката изјави дека оваа мерка директно одговара на потребите на возрасните лица кои не сакаат да бидат дел од домовите за стари лица. Во однос на покачувањето на пензиите таа посочи дека со исплатата на мартовската пензија ќе има покачување, моментално се чекаат информациите за порастот на просечната плата за да може да се пресмета покачувањето.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Финска: Мора да размислиме за влез во НАТО без Шведска

Следно

Лажни дојави за поставени бомби на аеродромот во Атина и во неколку атински болници

Latest from Blog

Божиновска се сретна со директорот на Секретаријатот на Енергетската заедница – Во фокус трансформацијата на македонскиот енергетски сектор

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска оствари работна средба со Артур Лорковски, директор на Секретаријатот на Енергетската заедница, на која се разговараше за следните чекори во трансформацијата на македонскиот

Проданоски: Карневалот „Прочка“ во Прилеп се развива во силна туристичка манифестација

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, истакна дека со денешниот настан симболично е заокружено годинешното издание на карневалот „Прочка 2026“, при што им беше оддадена благодарност на сите учесници кои со својата креативност

Божиновска: Македонија прави конкретни чекори кон модерен и чист енергетски систем

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска денеска оствари работна средба со Артур Лорковски, директор на Секретаријат на Енергетската заедница, на која се разговараше за следните чекори во трансформацијата на

Фонтаната кај Саат кулата повторно ќе го разубавува центарот на Битола

Екипите на ЈКП „Водовод“ – Битола започнаа со подготовките за повторно ставање во функција на фонтаната кај Саат кулата, која е едно од препознатливите места во централното градско подрачје. Како што информираат
Go toTop