ФБИ: Хакери од северна Кореја одговорни за кражба на 100 милиони долари

January 24, 2023
1 min read

Две хакерски групи поврзани со Северна Кореја, Лазарус и АПТ38, се одговорни за кражба на 100 милиони долари од американската крипто компанија Хармони, во јуни минатата година, соопшти Федералното истражно биро.

Овие хакерски групи на 13 јануари користеа протокол за приватност наречен „Railgun“ за да „исперат“ повеќе од 60 милиони долари од етер криптовалутата, присвоена за време на кражбата во јуни и претворена во биткоин, се вели во соопштението на ФБИ.

ФБИ тврди дека Северна Кореја користи кражба и перење криптовалути за да ги поддржи своите програми за балистички ракети и оружје за масовнÐ ¾ уништување.

Во јуни минатата година, „Хармони“, со седиште во Калифорнија, објави дека нејзиниот „Horizon Bridge“, кој е основниот софтвер за пренос на криптовалути, како што се биткоин или етер, помеѓу различни блокови, блокчејн, бил хакиран.

ФБИ минатата година соопшти дека истрагата потврдила дека групата Лазарус и АПТ38, онлајн актери поврзани со Северна Кореја, биле одговорни за кражба на криптовалути од 620 милиони долари кога мрежата Ронин, која ја користеле корисниците на популарната онлајн игра „Axie Infinity“, беше на мета на хакери.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Заменик-шефот на администрацијата на Зеленски поднел оставка

Следно

Свети Сава е неработен ден за граѓаните припадници на српската заедница во Македонија

Latest from Blog

Американците убиле 153 цивили за една година

Ова е значително зголемување од 2024 година, кога Пентагон процени дека двајца цивили биле убиени, а двајца повредени во американските воени операции, објави Ројтерс. Според извештајот на Пентагон до Конгресот, сите смртни

Статистика со одредена доза мистика

Податоците за стапката на невработеност во земјите од Г20 како повод за наша економска опсервација. Според најновата компаративна анализа на РИА Новости, Русија има најниска стапка на невработеност меѓу земјите од Г20

Неславен рекорд на Владимир Путин

Јули беше исто така четвртиот најефикасен месец за украинските сили во однос на загубите на руски персонал од почетокот на целосната руска инвазија. Генералштабот на Украина проценува дека вкупните загуби на руски
Go toTop