Сопартијци го повикуваат Вучиќ да не се повлекува: За вас не постои замена

January 23, 2023
2 mins read

Страшна загуба е неговото заминување од позицијата шефот на СНС! За него не постои замена, ниту сега, ниту за илјада години. Ретко во историјата има таков државник, кој смирил буре барут и го претворил во раскрсница за која цел свет се интересира, напиша пратеничката на СНС Сандра Божиќ на Инстаграм

Пратеничката на СНС, Сандра Божиќ, преку својот профил на Инстаграм, го повика претседателот на Србија Александар Вучиќ да не поднесува оставка бидејќи, како што напиша, тој бил единствениот способен да ја води и да ја зачува Србија. Ваквиот повик на Божиќ доаѓа по синоќешната вест дека Вучиќ им рекол на сопартијците дека ќе се повлече од позицијата претседател откако претходно на средба со најблиските соработници во седиштето на партијата имало несогласувања и повици да се отфрлат преговорите со САД и ЕУ.

„Нему му должиме напредок, нему му должиме мир! Поради него денес Србија е почитувана и земја со интегритет со која веќе никој не може да се плетка! Страшна загуба е неговото заминување од позицијата шефот на СНС! За него не постои замена, ниту сега, ниту за илјада години. Ретко во историјата има таков државник, кој смирил буре барут и го претворил во раскрсница за која цел свет се интересира! Неговото заминување го сметам и за мој личен пораз затоа што искрено ја губам мотивацијата да продолжам да учествувам во политиката! Затоа што знам што е следно! Мојот политички пат го одредува неговото постоење и неговите постапки“,

напиша Божиќ на Инстаграм.

Таа додаде дека без Вучиќ буре барутот повторно ќе се запали.

„Претседателе Вучиќ, на Србија ѝ требаш! На нашите деца и генерации што доаѓаат им требате! На иднината ѝ требаш, која никогаш нема да биде иста без тебе на чело! Простете ми за моите емоции, но ова се најтешките редови што сум ги напишала!“,

напиша Божиќ.

Како што јави ТВ Пинк вчера, Вучиќ на средбата со најблските партиски соработници, меѓу другото, им порачал дека „доколку народот ги отфрли преговорите и ако некој мисли дека треба економски да ја уништиме државата, раководството ќе го препушти на попаметните од него“.

Вучиќ денеска ќе присуствува на седница на Владата на Србија. Според најавите, тој вечерва треба да им се обрати на граѓаните на Србија по разговорите во петокот со претставниците на ЕУ и на САД и изјавата дека Србија е подготвена да го прифати концептот на европскиот план за нормализирање на односите со Косово.

Во петокот, по средбата со претставниците на САД и ЕУ, Вучиќ рече дека Србија е подготвена да го прифати концептот на европскиот план и да работи на имплементација на предложениот договор за дијалогот за нормализација на односите со Косово, што беше потврдено и од претставникот на ЕУ, Мирослав Лајчак.

Словачкиот дипломат и специјален претставник на ЕУ за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Лајчак, оцени дека Вучиќ покажал одговорен пристап и подготвеност да носи тешки одлуки во интерес на мирот и европската перспектива на Србија.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Белингем го одби новиот договор од Борусија Дортмунд

Следно

Бразил и Аргентина размислуваат за воведување заедничка валута

Latest from Blog

ЛШ: Сити ја продлабочи кризата на Реал, Арсенал не знае за пораз, ПСЖ остана без муниција (ВИДЕО)

ВО големата пресметка и дербито на колото во Лигата на шампионите, Манчестер Сити славеше во мадрид против реал со 1.2 и ја продлабочи кризата кај „кралевите“. Иако почнаа добро и поведоа со

Трамп потврди дека американските сили заплениле танкер за нафта крај брегот на Венецуела

Американскиот претседател Доналд Трамп денес потврди дека американските сили заплениле танкер за нафта крај брегот на Венецуела. „Тукушто запленивме танкер крај брегот на Венецуела – голем танкер, многу голем, всушност најголемиот што

Бојковска: Рејтингот на СДС преку шпекулации, лажни обвинувања и погрешна стратегија нема да порасне

На телевизија Канал 5 во емисијата „Само Вистини“ вечерва гостуваше пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Драгана Бојковска која дискутираше за обвинувањата и шпекулациите од страна на опозицијата, за темата дека во Македонија
Go toTop