(ФОТО) Албанци нападнаа момче само затоа што е Србин, обвини српската Канцеларија за Косово

January 22, 2023
1 min read

Од Канцеларијата за Косово и Метохија ја прозиваат меѓународната заедница да го погледне момчето во очи и да му објасни зошто е нападнат порачувајќи дека овој настан не смее да се релативизира

Извор: Канцеларија за КиМ на Србија

Малолетник на возраст од 15 години, со српска националност, Лазар М., бил претепан од четири повозрасни Албанци во етнички мешаната населба Сув Дол, објави српската Канцеларија за Косово и Метохија.

„Тој тргнал утрово пешки, кога од автомобил во движење, почнале да му дофрлаат на албански. Детето ја наведнало главата што било знак за албанските екстремисти дека не го разбира јазикот и дека станува збор за Србин, па потоа го запреле возилото и го претепале“,

пишува во соопштението од српската Канцеларија.

Момчето утрово во придружба на неговиот татко дошло во Клиничката болница во Косовска Митровица со видни повреди на главата, хематоми и гребаници, како и со модринка под окото, а според неговите зборови напаѓачите му задале повеќе удари и во пределот на градниот кош и стомакот.

Лекарите му направиле комплетна дијагностика и го пуштиле на домашно лекување.

Во соопштението се наведува и дека директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Петар Петковиќ, разговарал со таткото на повреденото момче, му пружил поддршка и ја понудил сета потребна помош.

„По нападот на српските момчиња во Штрпац и Клоток, уште едно српско дете се најде на мета на албанските хулигани и екстремисти. До нападот дојде на место каде се стационирани припадници на косовската полиција на Курти поради наводна ’загрозеност на Албанците‘ во етнички мешаните средини. Вистината е дека очигледно нивната намера е да ги заштитат хулиганите и екстремистите, неказниво да ги напаѓаат Србите и српските деца. Никој не смее да ја сврти главата од овој напад и целата меѓународна заедница мора да го погледне Лазар во очи да му објасни зошто е нападнат на прагот од неговата куќа. Тука не смее да има место за релативизирање на нападот бидејќи Лазар е нападнат само затоа што е Србин“,

порачуваат од српската Канцеларија за Косово и Метохија.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Советот за безбедност утре на седница кај Пендаровски

Следно

Чулев: Обвинувањата на СДСМ за мене само ја покажуваат нервозата за објавениот милионски скандал

Latest from Blog

Коњановски: Во 2027 година се планира пуштање делница од 12 километри на автопатот Прилеп–Битола

Делница од 12 километри од автопатот Прилеп–Битола е планирано да биде пуштена во сообраќај во 2027 година, а до крајот на 2028 година да бидат асфалтирани вкупно 28 километри. Ова било најавено

Проданоски: Потенцијалот на младите да го претвориме во дела за Прилеп

Повеќе од 200 млади од Прилеп учествуваа во симулација на Европскиот парламент, преку која се запознаа со функционирањето на европските институции, носењето одлуки и значењето на демократската дебата. Градоначалникот Дејан Проданоски ја

Божиновска: Македонија е дел од трансатлантскиот дијалог за енергетска безбедност

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, на 18 и 19 ноември ќе учествува на Седмиот состанок на Партнерството за трансатлантска енергетска соработка (P-TEC) во Варшава, Полска, организиран во соработка

Коњановски: Гласот на младите треба да се преточи во конкретни локални решенија

Триесет средношколци од Битола развија проектни предлози за решавање проблеми во својата заедница, во рамките на проектот ЛАПСИ – Локални активни платформи за социјални иновации. На денешната работилница тие ги финализираа идеите

Општина Прилеп: Втор повик за поддршка на семејствата со првачиња во учебната 2026/2027 година

Општина Прилеп објави втор јавен повик за доделување еднократна парична помош на семејствата со деца запишани во прво одделение во учебната 2026/2027 година. Повикот е наменет за родителите кои не аплицирале во
Go toTop