ФИФА со контра удар кон ПСЖ

January 22, 2023
1 min read

Францускиот фубалски шампион ПСЖ доби тежок удар од ФИФА, која му забрани да позајмува играчи за време на зимскиот преоден рок поради достигнување на лимитот.

Парижаните треба да го намалат буџетот за платите и тоа се обидоа да го направат токму со испраќање играчи во други тимови, пренесува „Л’Екип“.

ПСЖ ги испратија Џорџинио Вајналдум во Рома, Мауро Икарди во Галатасарај, Јулијан Дракслер во Бенфика, Абду Дијало во Лајпциг, Левин Курзава во Фулам, Андер Ерера во Атлетик Билбао, Колин Дагба во Стразбур и Леандро Паредес во Јувентус.

По забраната на ФИФА, единствениот начин на кој ПСЖ може да „отвори“ пари и да го намали буџетот за плати е да продава играчи, како што направи со Пабло Сарабија, кој се пресели во Вулверхемптон.

Голманот Кејлор Навас има една од највисоките плати во клубот и најверојатно ќе биде продаден откако одигра само еден натпревар оваа сезона.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

(ФОТО) Лето во Бразил: Температурата и до 46 Целзиусови степени, плажите преполни

Следно

Градоначалникот на Аеродром на работна средба со делегација од општината Исла во Малта

Latest from Blog

Аеродромот во Вилнус повторно затворен

Аеродромот во Вилнус вечерва беше привремено затворен по откривањето на шверц на балони од територијата на Белорусија, соопшти Националниот центар за управување со кризи. „Поради хибридниот напад извршен од Белорусија… и за

Муцунски: Кај ЕУ има желба да се помогне во развивање дијалог насочен кон решение со Бугарија

За жал, во овој момент не постои висок степен на желба за дијалог од страна на соседна Бугарија, изјави министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски. Како што рече, искрено

Сити сигурен против против Сандерленд

Тимот на Манчестер Сити немаше проблеми да дојде до нов триумф денеска на домашен терен против екипата на Сандерленд. Со головите на Диаз, Гвардиол и Фоден, дојде до победа од 3:0. Тотенхем

Орбан: Европа ќе стане непрепознатлива ако не се променат актуелните трендови

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денес ја нагласи важноста на зачувувањето на суверенитетот на земјата, истакнувајќи дека не станува збор само за чест, туку и за економија, и посочи дека Европа ќе биде
Go toTop