Зидан одбил пет репрезентации, сака да го води Јувентус

January 21, 2023
1 min read

 

Францускиот фудбалски стручњак Зинедин Зидан сака да го предводи Јувентус.

Според „Л’екип“, Зидан во надеж дека ќе ја добие тренерската функција во Јувентус, ги одбил понудите на репрезентациите на Португалија, Бразил, САД, Катар и Обединетите Арапски Емирати.

Претходно беше објавено дека италијанскиот клуб размислува за Зидан како замена за Масимилијано Алегри под чие водство „Старата дама“ не игра според очекуваното.

Зидан играше за Јувентус од 1996 до 2001 година. Заедно со тимот, тој двапати стана шампион на Италија, го освои Купот и Суперкупот на земјата, стана победник на Интерконтиненталниот куп и Купот Интертото.

Претходната работа на Французинот како тренер беше Реал Мадрид. Тој го водеше мадридскиот тим од 2016 до 2018 и од 2019 до 2021 година. Заедно со „кремавите“ Зидан освои три ЛШ во низа (2016, 2017, 2018).

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Повеќе села од Голо Брдо без струја, движењето отежнато поради снегот

Следно

Османи ќе го посети повредениот охриѓанец откако Бугарија вчера со владин авион го пренесе во Софија

Latest from Blog

Предлогот за министер без ресор денеска на пленарка

Лидерот на демократската партија на Турците, Зулфикар Зејнула е предлогот на премиерот Мицкоски за нов министер без ресор. Пратениците на денешната пленарна седница ќе треба да се произнесат за неговиот избор. Предлогот

Бруно реши да остане на „Олд Трафорд“, ќе стане најплатен фудбалер во Јунајтед

ФОТО:facebook.com/manchesterunited/ Португалскиот репрезентативец Бруно Фернандеш одлучи да ја продолжи кариерата во Манчестер Јунајтед и дефинитивно отфрлајќи ја можноста за заминување од „Олд Трафорд“. Иако продолжувањето на договорот сè уште не е официјално,

Започнува поднесувањето на барања за финансиска поддршка во земјоделството за 2026 година

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги известува земјоделските стопанства дека е во тек поднесувањето на барања за користење на средства од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за
Go toTop