Тотенхем сериозно настраа поради малверациите на Јувентус

January 21, 2023
1 min read

Спортскиот директор на Тотенхем, Фабио Паратичи (50) е суспендиран на две и пол години и во тој период нема да може да врши никаква работа во лондонскиот клуб каде што е главен оперативец.

Паратичи претходно во кариерата беше спортски директор на Јувентус, а против торинскиот клуб беше покренат судски спор поради финансиска измама, што беше причина за заминувањето на Паратичи од клубот.

Јувентус е обвинет дека користел лажен капитал во финансиските книги и плаќал играчи „под маса“ за време на пандемијата.

Поради тоа федералниот суд на Италија ги изрече казните за овој случај. Така Јуве остана без 15 бода, а покрај Паратичи, казнети се и поранешниот претседател на клубот Андреа Ањели, поранешниот директор Маурицио Аривабене, актуелниот спортски директор на Јувентус Федерико Керубини и потпретседателот Павел Недвед.

Паратичи беше на чело на скаутинг службата на Сампдорија од 2004 до 2010 година. Во Јувентус дојде во 2010 година и остана до 2021 година, кога замина во Тотенхем. Неговата играчка кариера траеше од 1989 до 2004 година, а играше за голем број италијански клубови.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Градот ќе земе кредит: Арсовска најави нови 50 еко-автобуси

Следно

МВР продолжи со контролите: 134 казни за возачите во Скопје

Latest from Blog

ВЛЕН: Владината коалиција е стабилна, продолжуваме со исполнување на ветувањата

Централното претседателство на ВЛЕН одржа редовна седница на која беа разгледани актуелните политички случувања и беа потврдени приоритетите на коалицијата за претстојниот период. Од ВЛЕН порачуваат дека остануваат посветени на реализацијата на

Славески: Електронското и мобилното банкарство на „АЛТА банка“ повторно се достапни

Клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола од денеска повторно можат да ги користат електронското и мобилното банкарство за плаќање сметки и други обврски, како и за располагање со своите средства, соопшти гувернерот

Претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана, Ѓурѓај се сретна со д-р Ѓорѓевиќ, претставничка на Европскиот центар за прашања на малцинствата

Разговор за правата на македонското национално малцинство во Албанија и можностите за унапредување на соработката меѓу Македонското друштво “Илинден“-Тирана и Европскиот центар за прашања на малцинствата. Во рамките на Дијалогот на Шлезвиг-Холштајн,

Божиновска: Со BAE Systems ја зајакнуваме заштитата на критичната енергетска инфраструктура

Воспоставувањето секторски Центар за безбедносни операции (SOC) и можностите за негово финансирање беа во фокусот на работниот состанок на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, со претставници на BAE
Go toTop