Струшки вечери на поезијата: Промоција на преведеното издание на „Збунети компаси“на Зоран Анчевски

August 25, 2023
1 min read

 

Промоција на преведеното издание на „Збунети компаси“, поетската книга на Зоран Анчевски, добитник на наградата „Браќа Миладиновци“ за 2022 година се одржа денеска во предворјето на црквата „Света Богородица“ во Калишта.

Со оваа промоција „Струшките вечери на поезијата“ ја продолжуваат традицијата на претставување на преведеното издание на минтатогодишниот добитник на наградата.

– Зоран Анчевски е добро познато име на сите оние кои барем еднаш чуле за СВП, име нераскинливо поврзано со овој фестивал, но и со македонската книжевна и културна сцена, како и со нејзиното претставување надвор од македонските граници – истакна промоторката Александра Јуруковска.

Анчевски наградата „Браќа Миладиновци“ ја има добиено два пати, во 2018 година за „Небесна пантомима“, како и минатата година за збирката „Збунети компаси “.

– „Збунети компаси“ е збирка со 58 песни организирани во 5 циклуси: Ars poetica, Природни случки, Распит пред незнајното, Збунети компаси и Кажување вистини и лаги. И песните и циклусите имаат многу занимливи меѓусебни врски, но и деликатни, дискретни врски со општото поетско творештво на Анчевски од една страна, и со општото македонско актуелно поетско творештво од друга страна – истакна Јуруковска цитирајќи ја беседата на Оливера Ќорвезировска „Густите ззззабели на песната“.

Поетско читање во Калишта имаа и поетите од потесниот избор за наградата „Браќа Миладиновци“. Покрај годинешниот добитник, Димитар Башевски, беа прочитани и стихои од Јосип Коцев, Дејан Трајкоски, Катица Ќулавкова и Гордана Михаилова-Бошнаковска.

Поетската посета на Калишта заврши со интернационално читање, на кое настапија повеќе странски, но и домашни поетски имиња.

Во текот на вториот фестивалски ден предвидена е изложба „200 години од раѓањето на Шандор Петефи“, претставување на поетите од платформата „Версополис“, како и промоции на  антологијата „Меѓу дрвјата (флората и фауната)“ и Антологијата на најмладата македонска поезија. Ќе бидат презентирани и портретите на добитниците на наградите „Мостови на Струга“ и „Браќа Миладиновци“. Вториот фестивалски ден ќе заврши со „Ноќ без интерпункција“, настан на кој ќе се претстават повеќе поетски имиња.

Манифестацијата, која ќе трае до 28 август, се одржува под мотото „Чувствотворен јазик“.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Протести против депонијата „Дрисла“ – „се труеме со отровен воздух, се горат екстремитети од луѓе“

Следно

Ескобар: Никому нема да вршам тортура – САД ги гледа како партнери оние кои се за ЕУ интеграција

Latest from Blog

Турскиот селектор по елиминцијата: Ова се случува еднаш во 50 години

ФОТО:.sporx.com/ Турската репрезентација се збогува со Светското првенство во 2026 година откако беше поразена со 1-0 од Парагвај во клучен натпревар од Групата Д. По болното елиминирање, италијанскиот стручњак на клупата на

Стејт департмент: Наредната рунда преговори меѓу Либан и Израел ќе се одржи во Вашингтон

За време на разговорите, Рубио „ја повтори потребата од разоружување“ на Хезболах и ја потврди „поддршката на Америка за напорите на владата во Бејрут за создавање целосно суверена либанска држава која е

Никола Ѓурѓај за „Нова Македонија“: 29. Семинар на АГСМ е мост меѓу Македонците од целиот свет

Интервју со претседателот на Македонското друштво „Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај, по повод организацијата на 29. семинар на Работната група на словенските малцинства во Европа (АГСМ) Со претседателот на Македонското друштво „Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај,

„Нова Македонија“: Разговор со Никола Ѓурѓај за работата на Македонското друштво „Илинден“ – Тирана

Интервју со претседателот на Македонското друштво „Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај, по повод организацијата на 29. семинар на Работната група на словенските малцинства во Европа (АГСМ) Со претседателот на Македонското друштво „Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај,
Go toTop