Израелските сили приведоа 21 Палестинец на окупираниот Западен Брег

August 23, 2023
1 min read

РАМАЛА (АА) – Израелските сили приведоа 21 Палестинец во неколку градови на окупираниот Западен Брег, пренесува Анадолу.

Како што објави палестинската новинска агенција ВАФА, израелските сили привеле Палестинци во Џенин, Наблус, Тулкерем, Рамала и Ал-Халил (Хеброн).

Во веста се наведува дека Палестинецот Енвер Исам Адил Абдулгани е приведен откако претходно бил ранет со боеви куршуми во судирите во Тулкерем.

Израелските власти сѐ уште не се огласија во врска со приведувањата.

Израел често спроведува рации во палестинските куќи на окупираниот Западен Брег и во Источен Ерусалим, приведувајќи Палестинци врз основа на најразлични обвинувања.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Спасовски на откривање спомен обележје во Куманово  во чест и вечен спомен на осумте загинати припадници на МВР во кумановско ,,Диво Насеље”: Хероите живеат вечно!

Следно

Претрес во Скопје, пронајдени оружје и муниција

Latest from Blog

Димитриеска-Кочоска во Њујорк на форум за растот и иднината на новата економија

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денеска во Њујорк ќе учествува на работната сесија „Поттикнување на растот во новата економија“, во рамки на Sustainable Development Impact Meetings 2026, организирани од Светскиот економски форум.

Проданоски со австралискиот амбасадор: Фокус на инвестиции, економска соработка и нови проекти

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска остварил средба со амбасадорот на Австралија во Република Србија, со акредитација и за Македонија, Питер Трасвел, почесниот конзул и претставници на Амбасадата на Австралија. На

7,19 милиони денари промет на Берзата: Комерцијална банка убедливо најтргувана

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 22.09.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.989,30 поени. Во однос
Go toTop