Спасовски на откривање спомен обележје во Куманово  во чест и вечен спомен на осумте загинати припадници на МВР во кумановско ,,Диво Насеље”: Хероите живеат вечно!

August 23, 2023
1 min read

реклама



Денеска,(23.08.2023) во рамки на одбележувањето на 22 години од формирањето на Единицата за брзо распоредување, во кругот на СВР Куманово од страна на министерот Оливер Спасовски во присуство на семејствата на загинатите припадници од ЕБР и САЕ Тигар,  највисокото раководство на МВР, СВР Куманово,претставници на МПС,претставници од Општина Куманово, политички партии,колеги и претставници од Одделот за специјални полициски операции беше  откриено Спомен обележје во чест и вечен спомен на загинатите припадници на македонската полиција кои ги положија животите во 2015 година, во вооружена престрелка со терористичка групација во кумановско „Диво насеље”, а во одбрана на Куманово и на татковината.

По откривањето на спомен обележјето од страна на министерот Спасовски делегациите и присутните оддадоа почит кон загинатите припадници на македонската полиција и положија  свежо цвеќе на Споменикот подигнат во нивна чест и сеќавање.

реклама

Во своето обраќање пред присутните, министерот Спасовски потсети на кумановските настани од 2015 година.

„Никогаш нема да се заборави оној кобен мај 2015 година, кога осуммината припадници на МВР овде, во Куманово, го покажаа врвот на патриотизмот, жртвувајќи ги своите животи во вооружениот терористички напад во ,,Диво насеље”, рече министерот Спасовски, додавајќи дека ништо не е исто после тој ден, за семејствата, за другарите и колегите од Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ и од Единицата за брзо распоредување чии припадници беа.

реклама

„Бидејќи болката никој не може да ја залечи, а длабоката почит кон нив останува засекогаш. Љубиша Аранѓеловиќ, Бобан Ивановиќ, Горан Илијевски, Жарко Кузмановски, Исамедин Османи, Сашо Самојловски, Ненад Серафимовски и Горан Стојменовиќ се нашите херои кои го дадоа својот живот за нешто поголемо од себе. А нема ништо поблагородно од жртвувањето на животот за својата татковина. И знам дека ова знаме на јарболот, наше, македонско не се вее од ветрот, туку од последниот здив на секој наш припадник кој загинал, чувајќи го!”, рече министерот Спасовски, потенцирајќи дека спомен обележјето е направено заедно со Македонскиот Полициски Синдикат.

„Денеска сме тука за да им оддадеме посебна почит и со оваа спомен плоча, која ја направивме заедно со Македонскиот полициски синдикат како паметник на нивната големина, храброст и жртва, како обележје дека хероите живеат вечно! И тоа токму на Денот на Единицата за брзо распоредување, за дел од нив нивниот втор дом… Ова спомен обележје нека ја пренесе пораката за длабока почит, љубов кон татковината, мир и соживот за сите идни генерации. Споменот на нашите херои никогаш да не биде избришан од меморијата на времето. Хероите живеат вечно – нека им е вечна слава!”, рече министерот Спасовски.

реклама



EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Мексико: 16 лица загинаа при судир на автобус со имигранти и камион

Следно

Израелските сили приведоа 21 Палестинец на окупираниот Западен Брег

Latest from Blog

Килијан е ЧУДО: Мбапе го урна рекордот на Жиру, сега е блиску и до оној на Клосе!(ФОТО)

ФОТО:.facebook.com/equipedefrance/ Ѕвездата на француската репрезентација, Килијан Мбапе, го престигна Лионел Меси по бројот на постигнати голови на Светските првенства. Ова стана факт откако напаѓачот постигна два гола во натпреварот од првото коло

Нова експлозија на Блискиот Исток – Израел прави драматичен потег

Смотрих рече дека многу одговорности во поделениот град Хеброн на Западниот Брег и неговите свети места, вклучувајќи го и Гробот на патријарсите, или Авраамовото светилиште, повеќе нема да бидат под палестинската општинска

Македонската берза во минус: МБИ10 се намали за 0,10 отсто, најголем интерес за Комерцијална банка

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 16.06.2026 заврши со благ пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.718,13 поени. Во однос на

Полувреме во Њу Џерси: “Страшната“ Франција игра СТРАШНО здодевно

ФОТО:.facebook.com/equipedefrance/ Франција – Сенегал 0:0 по првото полувреме од меч од 1.коло во групата И на ова СП. Светскиот вицешампион и веројатно најголем фаворит за титулата просто разочара. Едноставно кажано “СТРАШНАТА“ Франција

Г7 врши притисок врз Путин: „Стопирај ја војната“

Г7 разгледува дополнителни санкции насочени кон приходите од енергија на Русија, кои се еден од главните извори на финансирање на воените напори, објави Франс 24, повикувајќи се на француски дипломатски извор. Лидерите,
Go toTop