Извештај: Повеќе од 360 милиони христијани биле прогонувани во 2022 од верски причини

January 18, 2023
1 min read

Над 360 милиони христијани ширум светот биле „изложени на тежок прогон и дискриминација“ поради нивната вера во 2022 година, а Северна Кореја е најлоша земја за христијаните. Toа се посочува во извештајот што денеска го објави невладината организација „Порт Овер“.

Tаа протестантска организација секоја година објавува „светски индекс“ на прогонот на христијаните, во кој ги регистрира сите напади врз нив – од „скриено секојдневно угнетување“ до „најекстремно насилство“.

„Помеѓу 1 октомври 2021 година и 30 септември 2022 година „над 360 милиони“ католици, православци, протестанти, баптисти, евангелисти…од 76 земји биле „изложени на тежок прогон во светот, или секој седми христијанин“, изјави Патрик Виктор, шеф на францускиот огранок на „Порт-Овер“.

Истиот број е забележан и во 2022 година, меѓутоа за 30 години откако е забележано проширување на прогонот денес „има силни прогони во 76 земји, во споредба со 40-те наведени во првата листа на организацијата во 1993 година, посочи Гијом Генек, портпарол на здружението.

Во исто време „прогоните стануваат се поинтензивни во споменатите земји“, додаде тој.

Во 2022 година се убиени 5.621 христијани, а 5.898 година претходно. Организацијата, исто така, изброи 4.542 христијани кои се наоѓаат во притвор (од нив 1.750 во Индија) наспроти 4.277 во претходната година. Киднапирани се 5.259 христијани (вклучувајќи 4.726 во Нигерија), за разлика од 3.829 во 2021 година.

Вкупниот број уништени, затворени или нападнати цркви е 2.110 – значајно помалку од 5.110 во 2021 година. Според вкупната скала на прогон, Северна Кореја сега е на првото место во годишно рангирање, поместувајќи го Авганистан. Следна е Сомалија, а потоа следат Јемен, Еритреја, Либија, Нигерија, Пакистан, Иран, Авганистан и Судан.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Скопјани конечно дишат почист воздух

Следно

Гир: Слободата на медиумите и изразувањето е темелна вредност на ЕУ

Latest from Blog

Дневен хороскоп за 23 декември 2025: Дознајте што ве очекува во текот на денот!

БИК Бикови, ништо не сфаќајте лично, дури и ако слушнете навредливи зборови упатени кон вас, знајте дека се е предизвикано од финансиската состојба, дека всушност никој не ве напаѓа. Избегнувајте ги сите

Луѓето се поверни од шимпанзата, но не се најмоногамни битија, еве кој ги надминува

Во романтичниот живот, се чини, дека повеќе наликуваме на овие дружељубиви мунгоси отколку на нашите најблиски роднини, примати, сугерира рангирањето на најмоногамните видови кои го направиле група научници. Луѓето не се најверни
Go toTop