Поради магла, во Ресен и на планинскиот превој Ѓавато видливоста е намалена до 50 метри

January 5, 2023
1 min read

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата, информираат од АМСМ

Поради магла намалена е видловоста до 50 метри на патиштата во Ресен и на планинскиот превој Ѓавато, информираат од Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).

Сообраќајот на државните патишта, велат оттаму, се одвива непречено, по наместа влажни коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.

Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Фатен криминалец осуден на казна затвор од 20 години

Следно

Шалтерите за наплата на вода во петок ќе работат со редовно работно време

Latest from Blog

МЕПСО реконструира осум трафостаници: На ред е и ТС Скопје 4 во Пинтија

МЕПСО започнува со целосна реконструкција и енергетска модернизација на осум трафостаници, меѓу кои и ТС Скопје 4 во Пинтија. Како што информираат од компанијата, по пет децении од изградбата на командната зграда

Седум американски сојузни држави поднесоа тужба против администрацијата на претседателот Доналд Трамп

Во тој „пакет“ беа вклучени околу 810 милиони долари што Белата куќа се обиде да ги укине пред крајот на фискалната година. Минатата недела, Трамп се обиде еднострано да ги задржи средствата

Михаил Пановски до Левица: „Божиновска не одлучува за цената на струјата и не управува со ЕСМ“

Поранешниот пратеник Михаил Пановски реагираше на денешната прес-конференција на Левица, на која партијата ја критикуваше министерката за енергетика Сања Божиновска. Според Пановски, дел од критиките се однесуваат на прашања што не се

Португалците очекувале дека Роналдо сам ќе се повлече по Мундијалот, новиот селектор дури и поставил услов

Португалската фудбалска федерација очекувала Кристијано Роналдо да се повлече од репрезентацијата по Светското првенство во 2026 година, објавува мадридски „Ас“. Според весникот, при изборот на наследникот на Роберто Мартинез, федерацијата предводена од
Go toTop