Советникот на Зеленски поднесе оставка – неговата последна изјава за Днепар ја разлути украинската јавност

January 17, 2023
1 min read

Оваа изјава предизвика бура во Украина и доведе до бројни осуди на Арестович. Поради големиот притисок, тој сега поднесе оставка и им се извини на семејствата на жртвите од Днепар

Советникот на украинскиот претседател, Олексеј Арестович, утрово му поднесе оставка на Володимир Зеленски. Арестовиќ предизвика бура со својата изјава по нападот на Днепар. Арестович и претходно беше познат како личност склона кон контроверзни изјави во кои директно или индиректно се судираше со командантите на вооружените сили на Украина, со локални политичари итн.

Овој пат тој предизвика бура со своето обраќање во кое рече дека ракетата над градот била соборена од украинската противвоздушна одбрана и дека поради тоа проектилот паднал неконтролирано. Малку е да се каже дека ваквата изјава предизвика гнев, ужас и негодување кај голем дел од украинската јавност.

Посебно е интересен аргументот на кој Арестович ја изградил својата верзија на настаните:

„Мојот пријател, поранешен офицер за противвоздушна одбрана, одеше по улицата во моментот на ударот. Ми рече дека 100 посто слушнал две експлозии и дека првата ја идентификувал како противвоздушната одбрана. До сега не погрешил. И беше сигурен дека проектилот е соборен“.

Оваа изјава предизвика бура во Украина и доведе до бројни осуди на Арестович. Поради големиот притисок, тој сега поднесе оставка и им се извини на семејствата на жртвите од Днепар.

„Искрено им се извинувам на жртвите и нивните роднини, жителите на Днепар и сите кои беа длабоко повредени од мојата погрешна верзија за причината поради која руската ракета ја погоди станбената зграда“,

напиша тој на Фејсбук.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Се отстранува дивиот бутик на улица Македонија

Следно

Полицаец сведочи дека физички бил нападнат од градоначалникот на Крива Паланка од СДСМ

Latest from Blog

Вистината за Кочани: Мицкоски ја попречува истрагата и стои на патот на правдата

СДСМ и денеска продолжува да ја објавува вистината за Кочани. Потпретседателот на СДСМ, Методија Илиевски, денеска на прес конференција праша зошто во ниту еден момент ниту обвинителот Коцевски, ниту министерот за внатрешни

Баерн Минхен на Милан му нуди 60 милиони, плус да си одбере еден играч во замена за Леао

Баерн Минхен му предлага трампа на Милан, за услугите на Рафаел Леао нуди 60 милиони евра, плус „росонерите“ да си одберат еден играч. Баерн Минхен сака да донесе засилувања за офанзивата, прва

„Пукна тиквата“ меѓу Трамп и Маск: „Лудиот“ Маск и „убиство“ на законот за даноци на Трамп

Кратко траеше љубовта меѓу двајца од најмоќните луѓе на светот. По неполни шест месеци, дојде крајот на соработката меѓу Доналд Трамп и Илон Маск. А само 24 часа беа доволни од некогаш

24 репортажа: Мариово празно и туристички неискористено

Познат по беспрекорната природа,зеленилото, ендемичните животинки некогаш регион со најголем наталитет, денеска Мариово е најиселениот регион не само во Македонија туку и во Европа. Низ селата кои се целосно испустени веќе не
Go toTop