На Дубаи одлично му дојдоа западните санкции против Русија

January 17, 2023
1 min read

Во 2022 во Дубаи биле регистрирани над 86.000 трансакции за продажба на резиденцијален имот, со што е надминат рекордот од 80.000 трансакции поставен во 2009. Годината Дубаи ја завршува со вкупно продаден недвижен имот во вредност од 56,6 милијарди долари, што е зголемување од 80% во споредба со 2021.

Цените на недвижности во Дубаи за 2022 растат за само 11% што е забавување во однос на 2021 кога цените пораснаа над 21%. Со вакви бројки Дубаи останува еден од ретките пазари во светот каде цените за недвижности не паднаа во 2022.

Посебен извештај покажал дека во 2022 во Дубаи се продадени рекордни 219 ултра-прајм резиденции, кои ги опфаќаат сите недвижности поскапи од 10 милиони долари, што е повеќе од два пати отколку во 2021.

Процената е дека на недвижностите отпаѓа околу една третина од економијата на Дубаи.

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Погба по подолга пауза повторно тренира

Следно

Се отстранува дивиот бутик на улица Македонија

Latest from Blog

„Илинден“-Тирана: Одлуката за мигрантски центри во Пустец ги крши правата на Македонците

Македонско друштво “Илинден“-Тирана дава целосна поддршка на Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ) за поднесената тужба до Управниот суд во Тирана против одлуката на Владата за отворање три центри за мигранти на

Општина Прилеп: Интензивна акција за чистење на Градската река

Комуналните работници интензивно работат на темелно чистење на коритото на Градската река кај минорот, од отпадоци донесени со последните врнежи, но и од отпад што, како што информираат надлежните, е несовесно исфрлан

Меџити: Се работи со висок интензитет за старт на булеварот „Цветан Димов“

Градоначалникот на општина Чаир, Изет Меџити, информираше дека изградбата на булеварот „Цветан Димов“ веќе е вклучена во буџетот на Град Скопје и дека процесот ќе продолжи без одложувања. Според Меџити, се работи
Go toTop