Манчестер Сити и Интер се соочуваат во Истанбул: На истиот стадион се случи најголемото чудо во историјата на финалињата

June 10, 2023
1 min read

Најважниот натпревар кој се одигра на „Ататурк“ исто така беше финале од Лигата на шампиони. Се одигра во 2005 година помеѓу Ливерпул и Милан и тогаш се случи најголемото чудо во историјата на финалињата

Олимписки стадион „Ататурк“ во Истанбул / Фото: EPA-EFE/TOLGA BOZOGLU

Манчестер Сити и Интер за помалку од половина час ќе истрчаат на стадионот во Истанбул каде се борат за титулата во Лигата на шампиони (ЛШ). Натпреварот почнува во 21 часот, а тимот на Пеп Гвардиола се фаворити според обложувалниците, а во случај да победат тоа ќе биде прв пат Манчестер Сити да бидат европски прваци. За Интер, пак, ова би било четврта титула.

Финалето ќе се игра на олимпискиот стадион „Ататурк“. Стадионот има капацитет за околу 75 000 навивачи што го прави најголемиот во Турција.

Интересен податок за стадионот е што првично имал капацитет од 80 000 луѓе, но по три гони тој е намален бидејќи од петте илјади места кои биле скратени не можело да се следи што се случува на теренот.

Стадионот почнал да се гради во 1999 година со цел Турција да се квалификува во трката да биде домаќин на Олимписките игри во 2008 година. Но, тоа беше залудно бидејќи не ѝ беше доделена организацијата на игрите иако во изградбата вложи 350 милиони евра.

Стадионот, кој беше отворен во 2002 година со меч помеѓу грчки Олимпијакос и турски Галатасарај, подоцна им беше адут на Турците во барањето да ги организираат европските фудбалски првенства во 2012 и 2016 година, но ниту нив не успеаја да ги добијат.

Најважниот натпревар кој се одигра на „Ататурк“ беше финалето од Лигата на шампиони во 2005 година помеѓу Ливерпул и Милан. Италијанците водеа со 3:0, но Англичаните изедначија и на крајот победија на пенали. Овој натпревар беше запамтена како најголемото „чудо“ во историјата на Лигата на шампиони. Ќе биде ли така и на вечерашното финале?

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Заврши 13. издание на ФФФ: „Златен був“ за јапонскиот филм „План 75“

Следно

Општина Илинден изгради ново детско игралиште

Latest from Blog

Крем супа од брокула и карфиол

Потребни состојки: 1 мала главица карфиол 1 мала главица брокула (дел од брокулата зачувајте го и посипете го врз готовата супа малку зеленчук за супа (магдонос, целер, морков) 1 лажица сув зачин

Wolt+ стартува и во Македонија: „Нула денари достава“ со месечна претплата

Скопје, 11 ноември 2025) – Wolt ја активира претплатничката услуга Wolt+ во Македонија, наменета за корисници кои нарачуваат храна, намирници и производи од локалните продавници присутни на платформата. Со Wolt+, сите нарачки

ВМРО-ДПМНЕ: Колку поблиску до правдата, толку повеќе Данела Арсовска ќе е бучна и нервозна

Колку поблиску до правдата, толку повеќе Данела Арсовска ќе е бучна и нервозна, соопшти ВМРО-ДПМНЕ. „Ѝ посакуваме да се надмине себеси и да ги победи своите стравови и болки. Борбата со таквите

Несреќа на аеродромот Вашингтон Далес, 18 лица хоспитализирани

Специјално возило кое превезува патници помеѓу терминалите и авионите се урна во платформа на меѓународниот аеродром Вашингтон Далес во Вирџинија, при што 18 лица беа испратени во болница. Инцидентот се случил околу
Go toTop