Заврши 13. издание на ФФФ: „Златен був“ за јапонскиот филм „План 75“

June 10, 2023
1 min read

Јапонскиот филм „План 75“ (2022), во режија на Чие Хајакава, ја доби наградата Златен був за најдобар долгометражен филм на 13. Филозофски филмски фестивал во Скопје, кој заврши синоќа. Освен жирито, овој филм ги освои и гласовите на публиката.

„’План 75’, исполнува три услови што го прават многу избалансиран и солиден филм: неговиот кинематографски стил е во дослух со најдобриот јапонски филм, од Јасуџиро Озу до Хироказу Кореда; филозофските проблеми од морална природа што ги поттикнува на соодветен начин, и, нешто многу важно, капацитет да се движи и го оддржува љубопитството; да допре до гледачите, а тоа е крајната цел на филмот, да биде виден и вреднуван од јавноста“, стои во одлуката на жирито во состав: д-р Елизабета Шелева (професор на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при УКИМ), д-р Луис Мартин Ариас (професор на Универзитетот во Ваљадолид, Шпанија) и д-р Нил Кенеди (професор на Тринити колеџот во Даблин, Ирска).

Меѓународното жири, пак, во Официјалната селекција на краткометражни филмови, составено од режисерката Ана Јакимска, визуелниот уметник и истражувач Наташа Неделкова и филмскиот критичар од Луксембург, Том Докал, одлучи наградата „Златен Був“ да ја додели на филмот Гробишта на коњи (2022) од Џјанг ‘Шјао’шјуен. Специјалната наградата „Стефан Сидовски – Сидо“ жирито ја додели на филмот „Те молам, потруди се“ (2022) од Даниел Соариш.

Наградата „Златен Буф“од страна на публиката во оваа конкуренција отиде во рацете на Тепо Ајраксинен и филмот „Ќебенцето“ (2022).

Филозофскиот филмски фестивал ја негува и промовира мисловната, филозофско-eстетичка димензија на седмата уметност, годинава по 13. пат се одржа од 2-9 јуни во Кинотеката на Македонија. Во рамките на ова фестивалско издание беа прикажани 40-тина филмови, се одржаа 50-настани, имаше петнаесеттина годти и 24 учесници на Втората интернационална конференција „Филозофија и филм“.

Фестивалот годинава се одржа под мотото „Сè е филм, во множина“, инспирирано од големиот француски филмски великан од новиот бран Жан-Лик Годар (1930-2022) за кого фестивалот подготви специјален сегмент „Фокус Годар“ и по прв пат на големиот екран беа прикажани епизоди од неговите „(И)стории на филмот“.

 

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

По лидерската меѓу Ковачевски и Мицкоски, попладнево заседава раководството на ДУИ

Следно

Манчестер Сити и Интер се соочуваат во Истанбул: На истиот стадион се случи најголемото чудо во историјата на финалињата

Latest from Blog

Готово е: Тонали потпишува за Тотенхем!

ФОТО:facebook.com/newcastleunited/ Нова “бомба“ која е поврзана со Тотенхем. Вчера беше објавено дека Тотенхем го срушил рекордот за трансферна цена за доведување играч со трансферот на Матеуш Фернандеш, а веќе вечерва тоа одамна

Германците се подготвуваат за можна руска агресија: Одобрен е нацрт законот за воени резервисти

Германија планира да ги удвои своите резервни сили до средината на следната деценија на најмалку 200.000 војници, објави Ројтерс, наведувајќи дека целта е германската армија да има 260.000 активни војници. Германскиот министер

Дивоградбите остануваат државен проблем: Лани регистрирани 911 нови бесправно изградени објекти

Бесправната градба и натаму останува еден од најголемите урбанистички и институционални предизвици во Македонија. И покрај тоа што процесот на легализација започна пред повеќе од една деценија со цел трајно да се

Во случај на отказ, Нагелсман ќе добие 14 милиони евра!

ФОТО:.facebook.com/DFBTeamEN/ Селекторот на Германија, Јулијан Нагелсман, се обезбеди во случај да добие отказ по Светското првенство. Тоа лесно може да се случи, бидејќи четирикратните светски шампиони веќе беа сопрени во 1/16 финалето.
Go toTop