И Зеленски потврди: Започнаа контраофанзивните акции на Украина

June 10, 2023
1 min read

Путин вчера оцени дека украинските сили нема да ги постигнат целите и ќе трпат загуби

И украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска потврди дека започнала долгоочекуваната контраофанзива на Украина против Русија.

„Се случуваат контраофанзивни и одбранбени акции“,

рече украинскиот претседател во саботата.

Сепак, тој додаде дека нема да зборува детално за тоа во која фаза е контраофанзивата.

Она што е познато е дека украинските сили напредуваат на истокот на земјата, кај градот Бахмут, и на југот, во близина на Запорожје.

Ваквиот податок пред неколку дена го потврди и заменик-министерката за одбрана на Украина Хана Малијар.

И рускиот претседател Владимир Путин вчера во интервју исто така зборуваше за контраофанзивата на украинските сили велејќи дека може да се каже дека таа започнала, но и оти Украинците нема да ги постигнат своите цели и ќе трпат големи загуби.

Извор: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пред финалето во Лигата на шампиони, Ердоган го прими Чеферин во Истанбул

Следно

Реал Мадрид го потврди и второто засилување за наредната сезона

Latest from Blog

Проданоски најави нови игралишта и реконструкција во повеќе прилепски населби

Општина Прилеп продолжува со инвестиции во подобрување на условите за детска игра и спорт, со фокус на создавање побезбедни, поквалитетни и функционални простори за граѓаните. Како дел од оваа политика, веќе е

Швајцарија почнува процес за обештетување без судење за жртвите од пожарот во Кран-Монтана

Швајцарската влада соопшти дека ќе се заложи за вонсудско решавање на случајот со трагичниот пожар во ски-центарот Кран-Монтана, во кој животот го загубија 41 лице, а околу 80 беа повредени, дел од

Се обновува историската „Алхамбра“ на Широк Сокак во Битола – изведувач е „Стентон Градба“

Во срцето на Битола, на Широк Сокак и во непосредна близина на плоштадот Магнолија, започна реконструкцијата на еден од најпрепознатливите и највпечатливи објекти од градското архитектонско наследство – познатата куќа „Алхамбра“. Според

Меѓународниот кривичен суд започна судење на Дутерте по обвинение за злосторства против човештвото

Судиите на трибуналот во Хаг тврдеа дека постојат „суштински основи“ да се верува дека 81-годишниот Дутерте одиграл клучна улога во убиствата на 76 лица и обидот за убиство на уште двајца како
Go toTop