Абдиџику: На Косово моментно му се потребни сите негови пријатели

June 8, 2023
1 min read

Лидерот на опозицискиот Демократски сојуз на Косово (ЛДК), Љумир Абдиџику на денешната средба со амбасадорот на Велика Британија во земјата, Николас Абот, изјави дека на Косово во моментов, кога се соочува со криза во северот на земјата и во односите со соседна Србија, „му се потребни сите негови пријатели“, јави дописникот на МИА од Приштина.

По повод критиките упатени од страна на ЕУ и САД до владата на Албин Курти за предизвикување тензии во општините со мнозинско српско население со испраќањето специјалци да ги обезбедуваат општинските објекти и градоначалниците Албанци против кои протестираат локалните Срби, Абдиџику изјави дека судирот на Курти со сојузниците „претставува стратешка девијација и дипломатска грешка со долгорочни последици“.

-Претседателот Абдиџику го запозна амбасадорот Абот со ставовите на ЛДК во однос на тензиите на север и нагласи дека, во моменти на тензии и провокации од страна Србија, за надминување на една ваква криза е неопходно да се дејствува во заедништво со сојузниците. Во овој момент на Косово му се потребни сите негови пријатели; судирот со нив претставува стратешка девијација и дипломатска грешка со долгорочни последици“, се вели во соопштението на ЛДК по средбата на опозицискиот лидер со британскиот дипломатски претставник.

Абдиџику се заблагодарил на амбасадорот Абот и на Велика Британија, како стратешки партнер, за улогата и придонесот во јакнењето и консолидацијата на косовската држава.  (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ново улично осветлување на неколку локации во општина Илинден

Следно

Федералните обвинители го известиле Трамп дека е цел на истрага за ракување со доверливи документи

Latest from Blog

ВЛЕН: Албанската дијаспора во САД е клучен потенцијал за соработка

Политичката партија ВЛЕН соопшти дека е потребно дополнително зајакнување на врските со албанската дијаспора во САД и со американските институции. Ко-претседателот на ВЛЕН, Изет Меџити, за време на посетата на Њујорк присуствувал

Меѓународниот кривичен суд презема мерки за заштита од можните санкции од САД

„Направивме големи напори за да осигуриме дека судот е заштитен од последиците од какви било потенцијални идни санкции“, рече Кан, според „Фајненшл тајмс“ (FT). Таа рече дека судот реорганизирал многу од своите

Се продлабочува хуманитарната катастрофа во Јемен- загрозени се милиони деца

„Длабоко сме загрижени за многу видливиот пораст на акутната неухранетост кај децата“, изјави Акхил Ијер, претставник на УНИЦЕФ во Јемен, за новинарите во Женева преку видео врска од Аден. Повеќе од една
Go toTop