Ахмети: Иритиран сум од Македонци кои со говор на омраза зборуваат против Албанците

January 16, 2023
1 min read

Не сум ги обвинил телевизиите Алфа и Телма. Јас сум иритиран од тоа што го слушам на ТВ Алфа од сограѓаните Македонци кои со говор на омраза зборуваат против Албанците, дека Албанците ќе ја преземаат државата, дека Македонија станува Албанија се до навреди упатени до Артан Груби и до Бујар Османи, изјави вечерва претседателот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети, коментирајќи ја вчерашната негова изјава од Гостивар што предизвика низа реакции од новинарските здруженија.

-Оваа земја е наша заедничка. Мора заедно да ја изградиме. Мора заедно да одиме напред. Заедно мораме да придонесеме за членство во ЕУ, рече Ахмети во вечерашната емисија „Клан дебата” на Телевизија Клан.

Ахмети вели дека во ДУИ нема криза, туку внатрепартиска дебата. Потенцира дека со претставниците од т.н. „Огнена група” нема програмски разлики, тукудека разликите се поради функции.

-Во ДУИ нема криза. Има внатрешна дебата, која никогаш не сум ја цензурирал, ниту сум користел автократски средства за да го угушам различното мислење во ДУИ, но не и да се дозволи анархија бидејќи анархијата е штетна за сите. Нема програмско незадоволство, нема незадоволство околу визијата, едноставно „зошто е тој, а не јас”, зошто да е Хасан, а не Хисен, рече Ахмети.

Според него, ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците и Левица преговараат за да обезбедат мнозинство од 61 пратеник за, како што рече, „да ја закопаат ДУИ”.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Арсенал сака до крајот на јануари да потпише со Влаховиќ

Следно

(ВИДЕО) Ново издание на 360°: Еден милион вакцини против ковид-19, вредни 10 милиони долари, одат во ѓубре

Latest from Blog

Милеј одликуван во Израел, најавена директна авиолинија Тел Авив – Буенос Аирес

Херцог го нарече десничарскиот либертаријански лидер „близок пријател на Израел“. Милеј, исто така, запали свечен факел во рамките на одбележувањето на 78-годишнината од основањето на Државата Израел на 14 мај 1948 година.

Деспотовски: Клучно е да се бара активно вклучување од Брисел, Париз, Берлин и притисок

Понудата на ВМРО-ДПМНЕ на изборите беше ОК е уставни измени, меѓутоа со одложено дејство и второто беше гаранции во смисла да не повторуваат блокадите понатаму, истакна Јован Деспотовски во вечерашната дебата во

Антонио Ридигер одлучи каде ќе ја продолжи кариерата

Идината на германскиот репрезентативец Антонио Ридигер во Реал Мадрид станува сè појасна. Според шпанските медиуми, 33-годишниот централен бек е блиску до продолжување на договорот, кој истекува ова лето. Иако Ридигер се надеваше
Go toTop