Бугарската амбасадорка во Израел не се појави на конференција за историјата на Холокаустот

June 3, 2023
1 min read

Организаторите на настанот го осудија отсуството на бугарската амбасадорка на конефернцијата велејќи дека тоа е показател на обидите на нејзината влада да се „обели“ депоратцијата на 11 000 Евреи од територијата на денешна Северна Македонија  

Амбасадорката на Бугарија во Израел не се појави на минатонеделната конференција за историјата на бугарскиот холокауст. Портпаролот на бугарската амбасада за Еврејската телеграфска агенција изјавил дека амбасадорката Румијана Бачварова добила „покана во последен момент да присуствува конференцијата“ и дека таа „решила дека е добро разговорите и дискусиите да останат на експертско ниво, без какво било политичко присуство или учество“.

Амбасадорката на Буарија во израел, Румијана Бачварова, фото: (AP/Geert Vanden Wijngaert)

Тридневниот настан, насловен „Прогонство и соработка, спасување и преживување: Нови перспективи во врска со Бугарија и Холокаустот 80 години подоцна“, беше организиран од Јад Вашем, Универзитетот Бар-Илан и Кинотеката во Тел Авив токму на 80 годишнината од протестите во Бугарија со кои е спречена депортацијата на бугарското еврејско население.

Но, истакнати историчари не забораваат да потсетат дека кралот Борис III пратил повеќе од 11 000 други Евреи во нацистичките логори од подрачјата окупирани од Бугарија, а кои се денешна Северна Македонија. Тоа е приказна со која Бугарија не сака да се соочи, велат критичарите.

Депортацијата на македонските Евреи од окупациските сили на Бугарија, фото: Меморијалниот музеј на Холокаустот на САД

„Ужасната вистина е дека бугарската влада на кралот Борис III, а не нацистичка Германија собрала 11 343 Евреи од Македонија, Тракија и Пирот и свесно ги испратила да бидат убиени во Треблинка. Тоа е историски настан што не бара дополнително појаснување. Со одбивањето дури и да ги поздрави учесниците на конференцијата, амбасадорката Бачварова, можеби дејствувајќи по наредба, се чини дека има намера да продолжи со замаглувањето на историјата на нејзината влада со континуираното одбивање да признае дека Бугарија ја има крвта на овие 11 343 Евреи на својата совест“,

изјави историчарот Менахем Росенсафт за Еврејската телеграфска агенција.

Менахем Росенсафт, фото: Еврејска телеграфска агенција

Еден од организаторите на настанот и режисер, Џеки Комфорти, инаку автор на „Украдениот наратив на бугарските Евреи и холокаустот“ и режисер на филмот за тоа како Бугарија го спречи Хитлер, вели дека пристапот на Бачварова кон историјата е „пропагандно ориентиран“.

Според него, наративот во бугарските „неонацистички кругови“ е дека „Евреите не се благодарни што биле спасени“. Комфорти потврди дека Бачварова претходно била поканета да даде повратна информација за неговиот филм посветен на овој историски настан, но дека таа одговорила дека нема да дојде бидејќи тоа е антибугарски настан.

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

(ВИДЕО) Запленетите 160 килограми кокаин биле скриени во контејнер со банани

Следно

ПОЧИНА АКТЕРОТ ТРАЈЧЕ ЃОРГИЕВ, ОСНОВАЧОТ НА ФЕСТИВАЛОТ НА ПАНТОМИМА ПАНФИЗ

Latest from Blog

Полувреме: Руиз и Де Кетеларе за 1:1! Имаше ли пенал за Шпанија? Тилеманс се повреди на загревање (ВИДЕО)

ФОТО:x.com/SpainIsFootball Шпанија – Белгија 1:1 по првото полувреме на 1/4 финалниот меч во Лос Анџелес. Спектакуларен настап на “Фуријата“ која диктираше, имаше шанси и зицери а поведе со голот на Руиз во

Израелците ликвидираа командант на единицата Нухба, елитен одред на Хамас (Вознемирувачко видео)

Израелците соопштија дека командантот на елитната единица Нухба на Хамас, Јахја Саид Мохамед Хамдан, бил убиен во нападот, објави „Тајмс оф Израел“. Според ИДФ, Хамдан учествувал во нападот врз базата Реим, каде што

Без пчелите ќе останеме без храна, не само без мед

Климатските промени и фалсификуваниот мед се најголемите закани за македонското пчеларство, а зачувувањето на автохтоната македонска пчела е прашање за иднината на земјоделството и за безбедноста на храната. Во интервју за весникот

Потврдено: Португалија има нов селектор!(ФОТО)

ФОТО:.facebook.com/PORTUGAL Португалија официјално го објави назначувањето на искусниот Жорге Жесус за нов селектор на репрезентацијата. 71-годишникот го наследува Роберто Мартинез откако „морнарите“ стигнаа само до 1/8 финалето на Светското првенство во 2026
Go toTop