(ВИДЕО) Запленетите 160 килограми кокаин биле скриени во контејнер со банани

June 3, 2023
1 min read

Во контејнер со банани што во Грција пристигнал од Латинска Америка биле откриени 161 килограм и 23 грама кокаин, што всушност е втора пратка и поврзана со онаа од почетокот на мај кога македонската и грчката полиција во координација со американската ДЕА запленија 104 килограми кокаин и беа уапсени вкупно 14 лица во Северна Македонија и Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Како што вчера објави МИА, од македонското МВР потврдија дека е во тек голема акција, но најавија дека детали ќе бидат соопштени по целосното завршување на акцијата што ја водат полициите на двете земји, координирана со ДЕА, а во која е запленет висококвалитетен кокаин во вредност од над 10 милиони евра. 

Од грчката полиција денеска соопштија дека станува збор за „едно од најголемите количества кокаин откриени на грчка територија“.

Шефот на секторот за односи со јавност на полицијата во Солун Христос Димитракопулос објасни дека по запленетите 104 килограми и 600 грама кокаин на почетокот на минатиот месец, кога беше разбиена повеќечлена криминална организација и беа уапсени 10 лица во Грција и четири во Северна Македонија, имале информации дека на атинското пристаниште ќе пристигне нова пратка со банани и скриен кокаин.

-Од дополнителната истрага спроведена од полициски службеници во соработка со канцеларијата на ДЕА во Атина, властите на Северна Македонија, Царината во Пиреа и Солун, Регионалниот тим за борба со дрога, Централното пристаниште во Солун и Центарот за Полициска соработка на Југоисточна Европа, произлезе дека на пристаништето Пиреа ќе пристигнат уште два контејнери со банани, каде што ќе бидат скриени количества кокаин,

објасни Димитракопулос.

По наредба од истражен судија, пратката била запленета и пренесена на пристаништето во Солун, каде што вчера бил извршен претрес, по што било откриено дека во специјални надворешни делови биле скриени 100 пакувања со вкупно 161 килограм и 23 грама кокаин, а процените се дека фрогата е во вредност од минимум 3.200.000 евра.

За првиот случај на почетокот на мај во Грција беа уапсени десет лица, а на девет од нив им беше одредена мерка притвор.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Обуки за диверзитет и инклузија се бадијала горење пари

Следно

Бугарската амбасадорка во Израел не се појави на конференција за историјата на Холокаустот

Latest from Blog

Нови апсења во Турција: Функционери на Галатасарај и Ејупспор зад решетки

Нема крај на операцијата за сузбивање на нелегалното обложување во турксиот фудбал. Медиумите од таму јавуваат дека последно се уапсени уште 29 лица во рамките на големата истрага односно афера за нелегално

Руте: ЕУ не треба да стане целосно независна од САД во одбраната

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, смета дека Европската Унија не треба да стане целосно независна од САД во одбраната, и покрај ставот што го зазеде администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп

Тоштовски за новите полициски автомобили: Ова е прва ваква набавка по повеќе од 15, возила се целосно опремени со најсовремена технологија

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски днеска при презентацијата на новите полициски возила изјави дека ова е прва ваква набавка по повеќе од петнаесет години и дека новите возила се целосно опремени

Голо Брдо на разгледница: нов придонес во промоцијата на македонската култура во Албанија

Излезе од печат првата разгледница „Поздрав од Голо Брдо“ за првпат изработена во Република Албанија и посветена на областа Голо Брдо, содржи 15 фотографии од селата во овој крај значаен придонес во
Go toTop