ПСЖ ја откажаа прославата на титулата, нивниот голман се бори за живот (ФОТО)

June 2, 2023
1 min read

ПСЖ ја освои титулата шампион на Франција, но никој во клубот не е за славење. Резервниот голман Серхио Рико се уште е во кома откако падна од коњ, лекарите се борат за неговиот живот.

Состојбата на искусниот Шпанец е непроменета. Тој се уште е на интензивна нега во болницата во Севиља, денеска е шести ден откако се здоби со сериозни повреди на главата. Несреќата се случи во неделата, ден по натпреварот со Стразбур каде Серхио Рико беше резервниот голман на ПСЖ.

Тој ден имал слободен ден и го искористил во својата Севиља, каде што се случил грозоморниот инцидент. Пари Сен Жермен излезе со ново соопштение во кое нагласува дека ќе бидат откажани сите прослави по повод освојувањето на шампионската титула.

“Нема да има прослава. Ова е тешка недела за сите и сите сме потресени. Целата позитивна енергија ја испраќаме до Серхио Рико, неговата мајка, сопруга и најблиските”, изјави тренерот Кристоф Галтие.

Во последното коло од францускиот шампионат, утре од 21 часот, ПСЖ го пречекува Клермон, додека два дена подоцна го игра финалето на Суперкупот против Тулуз.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Нова тужба против Бил Козби, поранешен модел тврди дека ја дрогирал и силувал

Следно

Со премиера на „Некрстени денови“ на Иво Трајков вечерва во Кинотека почнува 13. издание на Филозофскиот филмски фестивал

Latest from Blog

Неславен рекорд на Владимир Путин

Јули беше исто така четвртиот најефикасен месец за украинските сили во однос на загубите на руски персонал од почетокот на целосната руска инвазија. Генералштабот на Украина проценува дека вкупните загуби на руски

Официјално: Далиќ е нов селектор на ОАЕ (ВИДЕО)

фото: MugFPL @PandaNoComply (X) Сега е веќе официјално. Она што беше најавено пред неколку недели, денес е официјализирано. Златко Далиќ е новиот тренер на фудбалската репрезентација на Обединетите Арапски Емирати. Денес, фудбалската

Трамп вложува 3 милијарди долари во рударството: САД се враќаат како минерална суперсила

 Од целиот пакет, една милијарда долари ќе биде вложена во проект за ископ на бакар.  Трамп порача дека рударството повторно станува државен приоритет и дека САД сакаат да ја вратат позицијата на
Go toTop