Членовите на 28. состав на турскиот Парламент положија свечена заклетва

June 2, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Новиот состав на турскиот Парламент денес ја започна својата прва пленарна седница, по три дена откако Врховната изборна комисија на земјата ги објави конечните официјални резултати од парламентарните избори одржани на 14 мај, јавува Анадолу.

Лидерот на Партијата за национално движење (МХП), Девлет Бахчели, како најстар пратеник во Парламентот (75), претседаваше со Собранието како вршител на должноста претседател. Тој ќе ја извршува функцијата додека не се избере нов спикер.

Пратениците на традиционалната церемонија положуваат заклетва, на којашто присуствува и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

На изборите на 14 мај, Партијата за правда и развој (АК Партија) на Ердоган се појави како партија со освоени најголем број мандати во Парламентот, односно вкупно 268 места.

Покрај АК партијата, нејзините партнери од Народната алијанса, Партијата за национално движење (МХП), освои 50 места, додека партијата Нова благосостојба (ЈРП) освои пет, обезбедувајќи комбинирано мнозинство од 323 места од вкупно 600-члениот Парламент.

Со 169 пратеници, Републиканската народна партија (ЏХП), заедно со нејзиниот коалициски партнер Партијата ИЈИ (IYI), обезбедија вкупно 212 места во Парламентот, претставувајќи ја главната опозициска Национална алијанса.

Останатите 65 места во Парламентот ги освои Алијансата за труд и слобода, составена од Партијата на Зелената левица со 61 место и Работничката партија на Туркије со четири пратенички места.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВИДЕО: Емоциите беа посилни, Гудељ се скрши на дочекот во Севиља – Го изгубив бебето и братот на три минути

Следно

Швајцарскиот Парламент го блокира испраќањето оружје од швајцарско производство во Украина

Latest from Blog

Започнува Евролигата: Sвезда го пречекува Жалгирис, шампионот гостува во Баскија (Фото)

Најквалитетната кошаркарска лига во Европа вечерва ќе го има својот старт, а интересно, првиот меч снема да се одигра на „старион континент“, туку во Азија. Дубаи во „Кока Кола Арената“ ќе го

Димитриеска-Кочоска: Македонија е меѓу земјите со највисока стапка на раст и пониска инфлација

24 септември 2026, Скопје – До крајот на годината не се очекува ревидирање на стапката на раст и промени во буџеткиот дефицит. Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска вели дека состојбите се следат

Specialja lehtëson kufizimet e vizitave për Thaçin

Çfarë ndryshoi: Gjykatësi i vetëm në çështjen për pengim të pretenduar të drejtësisë ka hequr menjëherë ndalimin për një pjesë të personave që më parë nuk lejoheshin ta vizitonin Hashim Thaçin. Ndalimi vazhdon
Go toTop