Воздушни напади на Москва и Киев – има повредени и загинати

May 30, 2023
1 min read

Управите на двете руската и украинската престолнина соопштија дека во текот на раните утрински часови градовите биле нападнати со дронови. Во нападот на Москва, според тамошните власти, нема загинати. Во нападот за кој информира официјален Киев, пак, загинало најмалку едно лице, а четворица се повредени

Неколку згради се оштетени во напад со беспилотни летала, кој рано утринава се случи во Москва. Штетата предизвикана од нападот, како што соопшти градоначалнкикот на руската престолнина, Сергеј Собјанин, е мала, а никој од жителите на напднатите објекти не е сериозно повреден. Жителите од зградите се евакуирани.

„Според информациите од медицинските служби на градот, во моментов никој од жителите на објектите оштетени од дроновите не е тешко повреден. Две лица побарале лекарска помош, но никој нема потреба од хоспитализација. Потребната медицинска помош е укажана на самото место“,

соопшти градоначалникот на Москва, Собјанин.

Московскиот градоначалник, во објавата на својот канал на Телеграм, додаде дека сите служби за итни случаи во градот се на местото на инцидентот и ги испитуваат околностите за нападот.

Засега не е јасно од каде дошле беспилотните летала.

Би-би-си, повикувајќи се на објави на неколку руски канали на Телеграм, објави дека од четири до 10 беспилотни летала биле соборени на периферијата на Москва и нејзината околина.

Украина засега не се произнесе во врска со нападите на Москва.

За напад со дронови кој се случил рано утринава, на околу час и пол по полноќ, објави и официјален Киев. Градската воена управа на Киев на својот канал на Телеграм објави дека украинската престолнина била нападната со повеќе од 20 дронови, а нападот, како што соопштија, бил масовен и доаѓал од различни страни.

Исто како и во нападот на Москва, меѓу останатото, оштетени се снанбени згради и куќи, а жителите се евакуирани.

Во нападите, како што соопшти Киевската управа, загина најмалку едно лице, а четворица се повредени.

„Во последните 24 часа, непријателот веќе изврши три напади. Згора на тоа, непријателот постојано го менува оружјето за напад. Овој екстремен воздушен напад е 17-ти од поетокот на месецот“,

соопшти Киевската воена управа на својот канал на Телеграм.

Оттаму додаоа дека украинските сили за противвоздушна одбрана собориле 20 беспилотни летала.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Лучијано Спалети го потврди заминувањето од Наполи

Следно

Навивачите на Манчестер јунајтед го избраа Рашфорд за играч на годината на тимот

Latest from Blog

Љатифи: Енергетската транзиција не може без силна и модерна мрежа

Енергетската транзиција не е повеќе избор, туку процес што мора да се спроведе без да се загрози стабилноста на електроенергетскиот систем, порача генералниот директор на МЕПСО, доц. д-р Бурим Љатифи, на меѓународната

Тоневски: Спортот ги обедини учениците во Пробиштип

Со спорт, дружење и натпреварувачки дух, во Пробиштип беше одбележана Европската недела на спортот. Општина Пробиштип, во соработка со основните училишта, организираше училишен спортски ден на кој учениците се натпреваруваа во баскет,

Симулацијата покажа дека Македонија во квалификациите за ЕП 2028 ќе игра против еден гигант и ќе биде во група со само пет селекции (Фото)

Уште два дена остануваат до првиот меч на македонската фудбалска репрезентација во новата сезона од Лига на нации. Македонија прв пат ќе игра во Б сегментот и тоа против Швајцарија. Дуелите од

Божиновска: Поддршка за средношколците кои создаваат решенија за зелена иднина

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска најави поддршка и покровителство од страна на Министерството за Националниот натпревар за најдобар бизнис концепт за зелени иновации наменет за средношколци. Божиновска ја
Go toTop