Бектеши: Од 1 јули нема да се плаќаат повисоки сметки за струја

May 29, 2023
1 min read

Министерот за економија им порача на граѓаните дека независно каков ќе биде утврдениот модел, поскапување на електричната енергија од 1 јули нема да има

Од 1 јули до крајот на годината граѓаните нема да плаќаат поскапа струја, уверува министерот за економија Крешник Бектеши.

Тој вели дека со министерот за финансии, претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и другите членови од Енергетскиот совет во рамки на Владата наредниот месец ќе разговараат за новиот модел за пресметување на цената на електричната енергија, но, им порача на граѓаните дека независно каков ќе биде утврдениот модел, поскапување на електричната енергија нема да има.

„Можам уште од денеска да им соопштам на граѓаните дека нема да плаќаат поскапа струја од 1 јули до крајот на годината. Кој ќе биде моделот тоа заеднички ќе го дефинираме во склоп на Енергетскиот совет“,

рече Бектеши.

Во однос на најавите дека ДДВ за електричната енергија од 1 јули ќе биде зголемено од 10 на 18 отсто, Бектеши денеска рече дека и да се случи тоа сметките на граѓаните нема да се зголемат.

„Владата има механизми со кои може да им излезе во пресрет на граѓаните и ако зборуваме само за тие осум отсто, јас гарантирам дека тие осум отсто ќе бидат намалени во други параметри на утврдување на цената, но тоа не значи дека само осум отсто ќе се намали, може да биде и повеќе“,

рече Бектеши.

Јавно кажувам, рече Бектеши, дека граѓаните нема да плаќаат повисоки сметки за електрична енергија од тоа претходно, туку ќе биде спротивното, ќе плаќаат помалку.

Бектеши вели дека во Регулаторната комисија за енергетика веќе се направени анализи и дека откако тие ќе бидат разгледани од членовите на Владата, јавноста ќе биде информирана.

Минатата недела, вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи најави враќање на евтината дневна тарифа на струја од 1 јули, но и можно зголемување на ДДВ за електрична енергија од 10 на 18 отсто.

Тендерот за цената која треба да ја понуди ЕСМ, во следните денови треба да го објави „ЕВН хоум“. По добиените понуди, Регулаторната ќе определи колкава цена ќе чини киловат-час струја за домаќинствата.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ф-16ките можат да и помогнат на Украина, ама не и против Русија

Следно

На денешен ден султанот Мехмед Фатих го освои Истанбул пред 570 години

Latest from Blog

Ким Џонг-ун го надгледувал лансирањето на хиперсонична ракета

Ракетата беше лансирана во Источното Море како дел од обуката за ракетни единици кои ракуваат со „хиперсоничен стратешки систем на оружје“, соопшти KCNA. Ким рече дека способноста за контранапад на севернокорејската војска

Shteti shqiptar për Çamërinë 1925–1928

Traktati për minoritete, i nënshkruar pas Luftës së Parë Botërore pothuajse nga të gjitha shtetet e Evropës, ua njihte minoriteteve të gjitha të drejtat. Edhe Shqipëria, duke qenë ndër ato shtete që e nënshkruan këtë traktat, ia njohu minoritetit grek në Shqipëri të

ЗА ТОА ШТЕ ЌЕ СЛЕДИ ВИНОВЕН Е ЗЕЛЕНСКИ – Москва најави сосема нов вид војна во Украина

Москва во рок од само неколку минути испрати две фатални и бескомпромисни пораки до украинското раководство: руското Министерство за одбрана најави драстично засилување на ракетните удари низ цела Украина, додека Кремљ децидно
Go toTop