Турската лира падна близу историски најниското ниво по победата на Ердоган

May 29, 2023
1 min read

Утринава еден американски долар на пазарите се продава за 20,05 турски лири, додека негативен рекорд е забележан во петокот, кога доларот се продаваше за 20,06 лири, јавува Танјуг, повикувајќи се на Ројтерс

Турската лира падна на речиси историски најниско ниво во однос на американскиот долар по победата на Реџеп Таип Ердоган во вториот круг од претседателските избори во Турција.

Утринава еден американски долар на пазарите се продава за 20,05 турски лири, додека негативен рекорд е забележан во петокот, кога доларот се продаваше за 20,06 лири, јавува Танјуг, повикувајќи се на Ројтерс.

Турската валута изгуби повеќе од шест отсто од својата вредност од почетокот на 2023 година, а нејзината вредност падна за повеќе од 90 отсто во последните десет години.

„Победата на Ердоган не им нуди сигурност на странските инвеститори“,

вели Хаснаин Малик, експерт во Телимер.

Тој смета дека има мали шанси претседателот на Турција по изборите да се врати на стандардната економска политика.

Високата инфлација – горлив проблем на Турција

Во текот на изминатите две години, Централната банка на Турција постепено ја намали референтната каматна стапка, од 19,0 отсто на сегашните 8,5 отсто.

Инфлацијата во Турција, според државната статистичка агенција Туркстат, во април изнесувала 43,68 отсто.

Ердоган во својот говор по изборната победа рече дека високата инфлација е горлив проблем во земјата и дека таа ќе падне, но економските аналитичари се уште се скептични.

Волфанго Пиколи, копретседател на консултантската фирма Тенео, оценува дека новата турска влада нема да преземе целосно стандардни економски мерки, туку донекаде ќе го коригира сегашниот пристап.

Реџеп Таип Ердоган победи во вториот круг од претседателските избори во Турција со 52,14 отсто од гласовите, ги објави официјалните резултати претседателот на Високата изборна комисија Ахмет Јенер.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Кина му честиташе на Ердоган за неговиот повторен избор на функцијата претседател

Следно

Dëmtim të pronës nga përmbytja, vjedhja ose zjarri, apo investim në sigurimin e shtëpisë. Çfarë do të zgjidhni?

Latest from Blog

Песков: Преговорите за Украина треба да се водат зад затворени врати

Руската страна сè уште верува дека преговорите за решение на конфликтот во Украина треба да се водат зад затворени врати, изјави портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков. Во својата изјава за РБЦ,

Се претера и со „српскиот свет“ во Македонија – Цуле Покорни од СДСМ пишува соопштенија за Манасије Српски од ВМРО-ДПМНЕ

Чудно, зошто во секое соопштение на СДСМ мора да се хејта Вучиќ, да се хејтаат „ќаците“, да се хејта сè што е српско во Македонија и поради тоа маркирано како блиско до

Тејлор Свифт донираше милион долари во хуманитарни цели

„Фидинг Америка“ надгледува национална мрежа на банки за храна, народни кујни и локални програми за исхрана, пишува CBS News. Извршната директорка Клер Бабино-Фонтенот изјави дека организацијата е „исклучително благодарна“ за донацијата. „Оваа

Тејлор Свифт донираше милион долари во хуманитарни цели

„Фидинг Америка“ надгледува национална мрежа на банки за храна, народни кујни и локални програми за исхрана, пишува CBS News. Извршната директорка Клер Бабино-Фонтенот изјави дека организацијата е „исклучително благодарна“ за донацијата. „Оваа
Go toTop