Ердоган победи на претседателските избори, потврди Изборната комисија на Турција

May 28, 2023
1 min read

Прелиминарните резултати од 99,4 отсто обработени гласови говорат дека Ердоган го победи Киличдароглу со околу 2,2 милиони гласа разлика. Претседателот на Изборната комисија на Турција соопшти дека Ердоган е избран за претседател со освоени 52,1 отсто од вкупниот број на обработени гласови. Неговиот опозициски опонент, Кемал Киличдароглу, пак, освоил 47,8 отсто од гласовите

Актуелниот турски претседател Реџеп Таип Ердоган победи во вториот круг од претседателските избори и е реизбран за претседател на Република Турција во наредните пет години.

Фото: EPA-EFE/TOLGA BOZOGLU

Ова вечерва го соопшти претседателот на Врховната изборна комисија на Турција, Ахмет Јенер, офцијално објавувајќи ги прелиминарните резултати од речиси сите преброени гласови од вториот круг од изборите.

Претседателот на Изборната комисија, кого го цитира Би-би-си, соопшти дека Ердоган е избран за претседател со освоени 52,1 отсто од вкупниот број на обработени гласови. Неговиот опозициски опонент, Кемал Киличдароглу, пак, освоил 47,8 отсто со речиси сите преброени гласачки ливчиња во вториот круг од изборите.

Прелиминарните резултати говорат дека Ердоган го победи Киличдароглу со околу 2,2 милиони гласа разлика.

Според досега обработените 99,4 отсто од вкупниот број на гласачки ливчиња, актуелниот претседател на Турција освоил 27 513 587 гласови, а неговиот опозициски противкандидат освоил 25 260 109 гласа.

Ердоган ја прогласи победата на претседателските избори уште пред Врховната изборна комисија на Турција да го соопшти официјалниот изборен резултат.

Тој им се обрати на своите приврзаници, кои во голем број се собраа пред неговата резиденција во Истанбул, заблагодарувајќи им се што му ја дале одговорноста да владее во следните пет години.

Откако пееше качен на автобус, тој ѝ се заблагодари на нацијата што на Турција ѝ дала „Ден на демократијата“, а својот противкандидат Кемал Киличдароглу го поздрави со зборовите „Збогум Кемал“.

Меѓу првите кои му ја честитаа победата беа унгарскиот премиер Виктор Орбан, српскиот претседател Александар Вучиќ, но и претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Макрон со честитка до Ердоган за реизборот: „Ќе продолжиме да одиме напред заедно“

Следно

Најважното видео што ќе го видите оваа година

Latest from Blog

Проданоски на чествувањето на Св. Атанасиј во Големо Радобил

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска присуствуваше на светата литургија во црквата „Св. Никола“ во село Големо Радобил, по повод големиот христијански празник Св. Атанасиј – Атанасовден. Заедно со бројни сограѓани,

ФОТО РЕПОРТАЖА: Тешки услови за живот на Македонците во Требиште, Голо Брдо

Село Требиште областа Голо Брдо е најоддалечената административна единица на општина Булќиза, со околу 3 илјади жители регистрирани во шест населби. Во пракса, оваа бројка постои само во официјални документи. Помалку од

Тошковски за Дневникот на МТВ: Безбеден град не е за парично да ги оштети граѓаните туку да спаси живот повеќе, зголемен прагот на толеранција за возачите

Во денешното гостување во Дневникот на МТВ министерот за внатрешни работи Панче Тошковски посочи дека системот Безбеден град не е за парично да ги оштети граѓаните, туку системот е да спаси човечки

Две лица измамени од лажен доктор во Штип

Од Министерство за внатрешни работи информираат дека во последните 24 часа на подрачјето на Штип се пријавени две измами извршени врз повозрасни лица, при што сторителите се претставувале како лекари и лажно
Go toTop